Медиуми: ПВО САД ќе биде немоќна пред новото хиперсонично руско оружје

Русија го тестира новото хиперсонично летало Ју-71 (Yu-71) кое ќе може да ја избегне противвоздушната одбрана на САД.

Русија го тестира новото хиперсонично летало Ју-71 (Yu-71) кое може да ја избегне противвоздушната одбрана на САД, како и да носи боеви глави, пишува  Washington Free Beacon повикувајќи се на извештајот на воено-аналитичкиот центар Jane's Information Group.

Русија го дизајнира леталото веќе неколку години, а првите тестирања се извршени во февруари оваа година. Леталото претставува дел од рускиот таен проект „4202” поврзан со ракетната програма. Според извештајот, Русија го реализира овој проект за да може да ја заобиколи американската противракетна одбрана, креирана да погоди балистички цели кои се движат по пресметана патека, пишува американското издание.

Хиперсоничните летала како ова развиени во Русија се тешки за идентификација и соборување, затоа што се движат по неутврдена патека, а нивната брзина достигнува  11.200 км/ч. Ју-71 е сличен на неодамна тестираниот кинески Wu-14. Како што пишува „Вашингтон Тајмс“, Русија планира помеѓу 2020 и 2025 година на полигонот недалеку од Сомбаровски да распореди 24 хиперсонични летала со нуклеарни боеви глави. Хиперсоничниот систем подразбира како стратешка, така и обична модификација, пишува весникот. Според него, Русија планира да го користи хиперсоничниот воен проект како адут во текот на преговорите со САД во врска со контролата на вооружувањето.  

Претходно беше соопштено дека Москва развива стратешко хиперсонично јуришно летало како што е кинеското. „Тоа ќе ѝ овозможи на Русија гаѓање на одбрани мети со висока прецизност, а во склад со можностите на својот систем за противракетна одбрана Москва ќе може успешно да погодува цели само со една ракета“, се наведува во статијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња