На состанокот на министрите за одбрана на државите-членки на НАТО, генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг уште еднаш изјави за „воената активност на Русија која го става под закана системот на евроатлантска безбедност“, меѓутоа ретко кој во НАТО-пактот ги сфати сериозно зборовите на генералниот секретар, пишува извршниот директор на американскиот Институт „Рон Пол“ Даниел Мекадамс на сајтот на организацијата.
Аналитичарот смета дека логично да се претпостави дека членките на НАТО, соочени со „агресија“ од Русија, треба по секоја цена да ги зголемат воените расходи, сепак, се забележува спротивен процес.
Тој истакнува дека и Велика Британија, најверниот сојузник на САД, го намалила воениот буџет, а истото се случува и во Германија, каде се упати првиот човек на Пентагон Ештон Картер за да го убеди Берлин да се однесува сериозно спрема „руската закана“.
Мекадамс истакнува дека дури и Летонија, чие раководство редовно изјавува за потенцијална „руска инвазија“, има големи проблеми за да ги привлече своите граѓани да служат во вооружените сили. Вилнус беше принуден да го врати задолжителниот воен рок за да ја зголеми барем малку бројноста на својата армија.
Без оглед на информативната кампања против Русија од страна на американското раководство и лидерите на НАТО, Европа е свесна дека постои длабок јаз меѓу напумпаната „закана“ и реалната опасност за европската безбедност, заклучува Мекадамс.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче