Вселенска агенција на САД: Без Русија патот до вселената е затворен

Рaководителот на вселенската агенција на САД генерал Џон Хајтен бара Конгресот да одобри продолжување на набавката на ракетните мотори РД-180, затоа што без нив „гарантираниот приод до вселената“ за САД ќе биде затворен.

Американските вселенски  агенции треба да добијат дополнителен број ракетни мотори од руско производство РД-180 и треба да ги купуваат сѐ додека не биде подготвен американски аналог на тие системи, изјави на 26 јуни раководителот на Вселенската команда на САД генерал Џон Хајтен во текот на сослушувањето во Комитетот за вооружување на Конгресот, пишува „Национална одбрана“.

„Без пристап до РД-180 ние сериозно го ограничуваме нашиот гарантиран приод до вселената, ја поткопуваме конкурентноста над која толку напорно работевме“, изјави тој .  

Деветте ракетни мотори РД-180 што во моментов ги имаат САД не се способни да обезбедат приод до вселената за потребите на националната безбедност на САД, рече Хајтен. Тој го поддржа барањето на министерството за одбрана да ги исполни склучените во 2012 година договори за набавка на дополнителен број ракетни мотори РД-180.

Претходно Конгресот на САД забрани да се користат руски мотори за тешки ракети по 2019 година. Според информациите на изданието, американската индустрија работи на производство на сопствена верзија на моторите, но стручњаците се плашат дека нема да успеат да ги заменат руските мотори до дадениот рок.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.