Претседателот на Ерменија го негираше антирускиот карактер на протестите

Демонстрантите во Ереван самите потврдуваат дека нивната акција нема антируски карактер, изјави претседателот на Ерменија Серж Саргасјан на средбата со копретседателот на ерменско-руската меѓувладина комисија Максим Соколов.

„Некои експерти се трудат да бараат во сето тоа антируско расположение“, изјави Саргасјан. Сепак, според зборовите на претседателот, него го „радува што демонстрантите самите ја потврдуваат апсурдноста на таквите претпоставки“, пренесува ТАСС.

Како што изјави Соколов, тој дискутирал во владата на републиката за прашања поврзани со работата на дистрибутивната компанија „Електромрежи на Ерменија“ која учесниците во протестот ја критикуваат. На средбата учествувале и вицепремиерот, министерот за енергетика и претседателот на Комисијата за регулирање на јавните услуги.

Ревизијата на работата на дистрибутивната компанија „Електромрежи на Ерменија“ ќе биде спроведена од страна на руско-ерменска меѓувладина комисија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња