МНР РФ во шеговита форма му посака на Кери целосно заздравување

Министерството за надворешни работи на Русија во иронична форма му посака на државниот секретар на САД Џон Кери брзо заздравување по здобиената повреда.

„Му посакуваме целосно заздравување на Џон Кери, мир на сите останати“, се вели во соопштението на МНР РФ објавено на Твитер.

Министерството приложи заедно со соопштението фотографија на која државниот секретар на САД ја држи својата патерица како пушка.

Минатата недела министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров имаше телефонски разговор со Кери во текот на кој беше дискутирано за конфликтот на југоистокот на Украина. Притоа Лавров му посака на Кери брзо заздравување по добиената повреда.

На 31 мај Кери беше хоспитализиран во една од клиниките во Женева по пад од велосипед при што ја скрши бедрената коска. Оваа повреда не е опасна по здравјето на 71-годишниот државен секретар на САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња