Министерот за надворешни работи на Кина ги нарече односите со Русија како едни од најважните

Министерот за надворешни работи на Кина Ван Ји изјави дека односите со Русија се едни од најважните, пренесува РИА „Новости“.

Министерот за надворешни работи на Кина Ван Ји изјави дека односите со Русија се едни од најважните, пренесува РИА „Новости“.  

„Ние еден со друг го почитуваме независно одбраниот пат за развој и моделот на управување. Се поддржуваме едни со други во напорите за одбрана на своите фундаментални интереси и ја земаме предвид загриженоста на другиот“, изјави тој, настапувајќи на Светскиот форум за мир.

Според неговите зборови, Русија и Кина заедно работат за да ги исполнат принципите на Повелбата на ООН и основните норми на меѓународното право. „Тоа се принципите кои дозволуваат да се одржуваат нашите односи на сестрано стратешко партнерство и соработка на високо ниво и ги прават едни од најважните билатерални односи за Кина“, истакна првиот човек на кинеската дипломатија.

Министер потенцираше дека односите на двете држави не се засновани на идеологија, туку нивни карактеристични црти се неприсоединувањето кон сојузи, едногласноста и ненасоченоста против трети земји.

Светскиот форум за мир е првиот невладин форум во Кина за прашања од безбедноста. Организатор е Универзитетот Цингхуа. Првиот форум се одржа во јули 2012 година.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња