Медиуми: Германците бараат од Меркел смирување со Русија

Германска мировна иницирјатива упати писмо со над илјада потписи до Ангела Меркел во врска со ситуацијата во Украина, пишува „Зиддојче Цајтунг“.

Мировната иницијатива „Бад Телц-Волфратсхаузен“ упати писмо со петиција „Повик за мир“ до канцеларката на Германија Ангела Меркел во врска со ситуацијата во Украина, пишува „Зиддојче Цајтунг“.

Според мислењето на авторите на писмото, ескалацијата на судирот меѓу НАТО и Русија бара што поскоро да биде запрено зајакнувањето на контингентот на НАТО и неговото вооружување во Европа. Исто така, во писмото е наведено и дека е неопходно да се одржи мировна конференција под покровителство на Европа со учество на Москва и Вашингтон.  

Апелот под мотото „Да запре ескалацијата! Не за испраќањето војска и оружје в Украина! Не за војната“ го потпишаа речиси илјада луѓе, пренесува „РТ“.

Германските пацифисти ја осудуваат одлуката за продолжување на санкциите против Русија. Тие се залагаат против испраќањето на војската на САД и американската воена техника во Украина, а исто така апелираат и да запре зголемувањето на воениот контингент на НАТО на територијата на Европа.

Како што пишува германскиот весник, собирањето потписи за оваа иницијатива во Германија продолжува, пренесува „РТ“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња