Франција се обидува на преговорите со Русија за „Мистралите“ да постигне компензацијата што треба да ја исплати да биде пониска од една милијарда евра, пишува францускиот магазин Challenges.
„Договорот што го склучија двете земји предвидува казнени поени во максимален износ од 250 милиони евра во случај испораката на носачите на хеликоптери не биде реализирана. Меѓутоа, руската страна бара да ѝ бидат вратени како веќе платените 890 милиони евра, така и компензацијата во износ од 300 милиони евра за оние трошоци што ги вложила во модернизацијата на хеликоптерите (прилагодувајќи ги на параметрите на хангарите и полетните платформи на „Мистралите“), како и во реконструкцијата на доковите во пристаништата“, се наведува во статијата што ја пренесува ТАСС.
Магазинот истакнува дека „кога сѐ ќе се собере, вкупната сума изнесува околу 1,2 милијарди евра, но Париз се обидува да постигне таа да биде пониска од милијарда“. Според магазинот, оваа цифра француските власти сметаат дека ќе можат полесно да ѝ ја објаснат на француската јавност.
Во статијата се истакнува дека ќе биде „многу тешка задача“ и демонтирањето на руската опрема која веќе се наоѓа на бродовите. Нејзината вредност се проценува на 30 милиони евра по брод. „Русија во текот на преговорите исто така инсистира на тоа дека со неа треба да се договори потенцијалниот купувач на „Мистралите“. Меѓутоа, Париз тврди дека во тој случај планира само да се „консултира„ со руската страна“, пишува францускиот магазин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче