Државното обвинителство на РФ го прогласи за неуставно предавањето на Крим на Украина во 1954 година

Државното обвинителство на РФ донесе одлука дека предавањето на Крим на Украина во 1954 година било неуставно, затоа што Врховните совети на СССР и РСФСР немале овластување да им предаваат на други републики територии кои биле во состав на РСФСР.

Одлуките на Президиумите на врховниот совет на РСФСР и СССР за преминување на Кримската област од составот на РСФСР во состав на Украинаската ССР не биле во согласност со Уставот на РСФСР и Уставот на СССР, се наведува во одговорот на Државното обвинителство на Русија на барањето кое беше доставено од страна на претседателот на партијата „Праведна Русија” Сергеј Миронов.

Во одговорот се вели дека Уставите на РСФСР и СССР не предвидувале овластувања за Врховните совети на СССР и РСФСР за предавање на територии кои влегувале во состав на РСФСР на други сојузни републики.

Поранешниот лидер на СССР Никита Хрушчов во 1954 година по повод 300-годишнината од обединувањето на Украина и Русија „во знак на вечно пријателство“ го предаде Крим под административна управа на Киев.

На 16 март 2014 година на Крим се одржа референдум на кој преку 96% гласачи се одлучија за влез на регионот во состав на Русија.

На 21 март 2014 година претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша законот за ратификација на спогодбата за влез на Крим и Севастопол во состав на Русија, како и указот за формирање на Кримскиот федерален округ.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.