100 тома руска литература преведени на англиски јазик ќе бидат издадени во САД

„Руска библиотека на англиски јазик“ претставува проект за превод на 100 тома класична и современа руска проза, драматургија и поезија кои ќе бидат издадени во САД во следните 10 години.

Договорот за издавање на 100 тома руска литература преведена на англиски јазик ќе биде потпишан меѓу Институтот за превод и американската корпорација Read Russia, Inc. во сабота во рамките на фестивалот „Книгите на Русија“ кој се одржува на Црвениот плоштад во Москва.

„Во рамките на фестивалот „Книги на Русија“ ќе се одржи состанок на меѓународниот уредувачки совет на проектот „Руска библиотека на англиски јазик“ и потпишување на договор меѓу Институтот за превод и американската компанија Read Russia, Inc. за издавање на повеќетомна библиотека на руска литература во странство“, соопштија организаторите.  

„Руска библиотека на англиски јазик“ претставува проект за превод на 100 тома класична и современа руска проза, драматургија и поезија кои ќе бидат издадени во САД во следните 10 години во печатена, електронска и аудио верзија.

Проектот „Руска библиотека“ е поддржуван од Институтот за превод, основан во 2011 година под покровителство на Федералната агенција за печат и масовна комуникација. Предвидува формирање на корпус од класични и нови преводи на дела од руската литература на светските јазици.

Во моментов Институтот за превод работи на создавање „Руска библиотека на кинески јазик“ во 50 тома.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња