Русија проектира нуклеарна подморница од петта генерација

Бродоградилиштето „Севмаш” започна со подготовка на елементи за изградба на нуклеарни подморници од петта генерација, изјави командантот на руската Воена морнарица адмирал Виктор Чириков.

Бродоградилиштето „Севмаш” започна со подготовка на елементи за изградба на нуклеарни подморници од петта генерација, изјави командантот на руската Воена морнарица адмирал Виктор Чириков.

„Почнаа проектантско-конструкторските работи на подморница од петта генерација. Техничките барања на командантот на Воената морнарица по ова прашање се засноваат на сеопфатен пристап кон развојот на подводните сили“, изјави Чирков за РИА „Новости”.

Адмиралот објасни дека на Русија ѝ се потребни подморници со ниско ниво на бучавост, високи маневарски способности, највисоки параметри што се однесува до намалување на забележливоста и моќно вооружување. Притоа руската технологија е единствена и овозможува потенцијалот на подводниот сегмент на стратешките нуклеарни сили да се одржи на високо ниво.

„Формациите на стратешките подморници на Север и на Камчатка постојано ќе се обновуваат за да можат да одговорат на високите барања кои пред нив ги поставува брзиот научнотехнички развој“, додаде адмиралот Чириков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.