Путин и Обама телефонски разговараа за украинската криза

Претседателот на Русија Владимир Путин имаше телефонски разговор со претседателот на САД Барак Обама, соопшти портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

Претседателот на Русија Владимир Путин имаше телефонски разговор со претседателот на САД Барак Обама, соопшти портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

„Лидерите многу подробно дискутираа за тековната проблематика на билатералните односи“, изјави Песков.

Според неговите зборови, имало детална размена на мислења за ситуацијата во Сирија, била начната и темата за решавање на иранскиот нуклеарен проблем.

„Шефовите на државите дискутираа и за украинската криза, особено за текот на реализацијата на Минската спогодба“, соопшти портпаролот.

„Во тој контекст претседателите се договорија во најскоро време помошникот на државниот секретар Викторија Нуланд и заменик-министерот на МНР Григориј Карасин да одржат контакти за разгледување на текот на имплементацијата на оваа спогодба“, потенцираше Песков.

„Значително внимание им беше посветено на комплет прашања поврзани со борбата со тероризмот, особено со ширењето на влијанието на„Исламската држава“ на Блискиот Исток“, забележа портпаролот.  

„Путин и Обама се договорија да им наложат на министерот Лавров и државниот секретар Кери да одржат средба за разгледување на оваа тема“, соопшти Песков.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.