Продолжувањето на антируските санкции е директно прекршување на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН.
Ова го изјави спикерот на долниот дом на рускиот парламент Сергеј Наришкин, настапувајќи на „Отворената трибина“ во Државната дума на тема „70 години од основањето на ООН“.
„Во моментов се саботира Минската спогодба, која во суштина стана дел од една од резолуциите на Советот за безбедност на ООН. Нашите партнери како да не забележуваат дека продолжувањето на антируските санкции и разните пропратни гестови веќе не се едноставно заобиколување на Советот за безбедност на ООН, туку и директно прекршување на неговата едногласно усвоена резолуција“, изјави Наришкин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче