Германските бизнисмени можат да загубат до 9 милијарди евра од руските санкции

Загубите на германските бизнисмени кои се занимаваат со извоз за Русија можат да достигнат до 9 милијарди евра доколку останат санкциите, смета раководителот на Источниот комитет на германската економија Екхард Кордес.

Европскиот економист, раководител на Источниот комитет на германската економија Екхард Кордес изјави дека загубите на германските експортери кои извезуваат во Русија во случај на продолжување на санкциите можат да изнесуваат до 9 милијарди евра.

„Уште во 2014 и 2013 година забележавме одлив на германскиот експорт од РФ... Сега, во 2015 година, во првите четири месеци германскиот извоз во Русија нагло се намали, имаме намалување од 34% (во споредба со истиот период д минатата година), увозот исто така се намали за приближно 30%... Ако ваквото темпо на развој продолжи, тогаш до крајот на 2015 година повторно ќе загубиме 9 милијарди евра во трговската размена“, го цитира РИА „Новости“ говорот на Кордес на прес-конференција во Берлин.

Според неговите зборови, тој и неговите колеги не гледаат никакви знаци за промена на ситуацијата во најблиска перспектива. Тоа значи дека оваа година во споредба со 2012 година обемот на извоз веќе се намалил за 50% (од 40 на 20 милијарди евра).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.