„Европа не е глобална структура и нема да може сама да излезе на крај со кризата во случај таа да го зафати целиот континент. Патот кон решението за сегашните проблеми лежи во укинувањето на санкциите и утврдувањето на оптималниот надворешнополитички курс на Европа без мешање од „трети земји“, изјави Вилимски, а пренесува РИА „Новости”, повикувајќи се на агенцијата „Спутник“.
Кризата особено интензивно, според мислењето на европскиот пратеник, се одразува во сферата на земјоделското производство.
Претставникот на Австрија истакна дека трансатлантското трговско и инвестициско партнерство меѓу Европската унија и САД, во кое многумина во Европа гледаат спас од кризата, може да им донесе полза само на САД.
Европските економисти веќе ја пресметаа штетата која на Европската унија ќе ѝ го донесе обидот за изолација на Русија. Загубите ќе изнесуваат најмалку 100 милијарди евра, а санкциите ќе предизвикаат затворање на 2 милиони работни места. Најмногу ќе страда Германија, која ќе загуби 27 милијарди евра и половина милион работни места, додека БДП на земјата ќе падне 1%. На второто место е Италија, а на третото е Франција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче