„Ербас“ ќе купи од Русија плазма мотори за сателитите „УанВеб“

Компанијата „Ербас Дифенс енд Спејс“ планира да купи од руски производители стационарни плазма мотори (СПД) и акумулатори, неопходни за корекција на орбитите на леталата кои се планирани за распоредување на најголемата на светот групација сателити „УанВеб“.

Компанијата „Ербас Дифенс енд Спејс“ (Airbus Defence and Space - ADS) планира да купи од руски производители стационарни плазма мотори (СПД) и акумулатори. Тие се неопходни за корекција на орбитите на леталата кои се планирани за распоредување на најголемата на светот групација сателити „УанВеб“ (OneWeb). Ова за „Известија“ го соопшти високопозициониран извор во ракетно-вселенската индустрија на земјата.

СПД се произведуваат во конструкторското биро „Факел“ со седиште во Калининград, а акумулаторите во краснодарското претпријатие „Сатурн“. Компанијата ADS треба да произведе до 900 апарати со вредност не поголема од 500 илјади евра за еден апарат, за кои производите на руските компании во однос на цената и квалитетот се без конкуренција.

„СПД моторите се без конкуренција, веќе ги имаме извезувано за странски вселенски летала. Исто така, од нашите европски партнери знаеме дека ADS се заинтересирале за производите на „Сатурн“ кој испорачува акумулатори за вселенски летала со различна намена“, изјави тој.

За договорот меѓу компаниите ADS и „УанВеб“ за создавање на најголемата на светот сателитска групација се дозна во текот на изложбата „Париз Аеро-шоу 2015“ во Ле Бурже. Сателитите се наменети за давање сателитски услуги за пристап до интернет.  

На 25 јуни 2015 година компаниите „Арианеспејс“ (Arianespace) и „УанВеб“ објавија дека склучиле договор за лансирање на вселенски апарати за мобилна сателитска врска на „УанВеб“. Договорот предвидува купување од Русија на 21 ракета-носач „Сојуз“ кои во периодот од 2017-2019 година треба да пренесат во орбитата околу земјата 672 сателити. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња