Путин: Украина нема да добие поран попуст на гас

Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека при сегашното ниво на цената на нафтата Русија не може да ѝ овозможи на Украина поран попуст на цената на гасот, туку цената на овој енергент за Киев треба да биде на нивото кое важи за Полска.

„Тука е клучно прашањето на цените. Јасно е дека при ваков голем пад на цената на нафтата, врз чија основа се пресметува цената на гасот, ние не можеме да одобриме попуст во оној обем каков што тоа беше претходно. Но, во секој случај, конечната цена за украинските потрошувачи нема да биде повисока, туку ќе се одржува на ниво на соседните земји, како што е Полска“, изјави Путин на советувањето со членовите на владата. „Владата треба да пресмета колкав ќе биде попустот и да донесе соодветна одлука“, додаде претседателот на Русија.

Руската Федерација од 1 ноември 2014 до 31 март 2015 година ѝ одобри на Украина попуст на гасот врз основа на намалувањето на царинската такса. Кога договорената цена на гасот е пониска од 333,33 долари за илјада кубици гас, царината е помала од 100 долари и се поништува, односно попустот бил 30% на договорената цена. Во случај кога цената е повисока од 333,33 долари, царина поголема од 100 долари не се поништува, туку се намалува за 100 долари.

Според податоците на „Гаспром“, цената на рускиот гас за Украина во третиот квартал без попуст ќе изнесува 287,15 долари за илјада кубни метри гас, а во четвртиот квартал оваа година - 262,5 долари. Во вториот квартал цената со попуст изнесуваше 247,18 долари за илјада кубни метри гас. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.