Путин: Франција и САД ќе го заташкаат скандалот со прислушувањето

Претседателот на Русија Владимир Путин се согласува со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров дека Франција и САД ќе се потрудат да го заташкаат скандалот со прислушувањето на раководството на Франција од страна на американските тајни служби.

Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на седницата на Советот за безбедност на Русија се согласи со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров дека Франција и САД ќе се потрудат да го заташкаат и заборават скандалот со прислушувањето на раководството на Франција од страна на американските тајни служби.

Лавров ги потсети учесниците на состанокот на средбата на министрите на „Нормандиската четворка“ во Париз, од која во значителна мера беше оттргнато вниманието поради овој скандал, соопшти агенцијата ТАСС.

„Сметам дека германскиот пример го дава одговорот на ова: двете страни ќе се потрудат да го заташкаат тоа и што побрзо да го заборават“, го изнесе својот став министерот Лавров.

„Така и ќе биде“, се согласи Путин.

Во средата, 24 јуни, Викиликс објави информација дека Агенцијата за национална безбедност на САД во периодот од 2006 до мај 2012 година ги прислушувала телефонските разговори и ја пресретнувала електронската пошта на тројца француски претседатели: Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд, како и на нивните најблиски соработници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.