Како што истакна летонскиот лидер, реалноста е таква што „Русија е наш сосед”.
„Сметам дека ние и денес сме добри соседи и дека на човечко ниво нашите односи со Русија не станаа полоши“, смета Берзињш. Според неговите зборови, сега во политичките односи меѓу Естонија Русија дошло до очигледен пад кој влијае и на билатералната економска соработка, но дека ситуацијата не се одразила на односите меѓу жителите на двете земји.
„Тоа и е основа за понатамошен развој. Јас како претседател секогаш се трудев да правам сѐ за да се развиваат односите меѓу Летонија и Русија. И во врска со ова прашање, без оглед на сѐ, јас сум оптимист. И не гледам причина во долгорочна перспектива деловните односи меѓу нашите држави да не се развиваат. Тој додаде дека соработката на оваа балтичка земја со Русија, според податоците од крајот на 2014 година, забележала брз пораст, како и дека е позитивно оценета.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче