„Ние и без тоа знаевме дека тој (системот за ПРО на САД) се гради во прв ред против Русија и Кина, но овие активности што се случуваат сега, го потврдуваат тоа“, изјави пред новинарите секретарот на Советот за безбедност на РФ Николај Патрушев во Улан-Уде на самитот за безбедност.
„Ние не можеме да не реагираме на заканите кои доаѓаат (од НАТО)“, изјави тој за новинарите.
Патрушев истакна дека НАТО се доближува до руските граници со тоа што вклучил во своите редови редица поранешни републики на СССР. „НАТО се доближи до нашите граници, ни се наоѓа речиси пред носот“, изјави секретарот на Советот за безбедност.
Тој потсети дека при создавањето на елементите на ПРО во Источна Европа САД изјавуваа дека целта им е заштита од заканата што доаѓа од Иран. „Сега односот спрема Иран се смени, со него имаат билатерални односи, и „шесторката“ работи со Иран“, забележа тој.
Во врска со тоа Патрушев смета дека е пологично откажувањето од изградба на скапиот систем за ПРО, меѓутоа, тоа не се случува.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче