„Тероризмот и екстремизмот во последно време станаа профитабилен бизнис со развиен пазар на труд. Останува стремежот на екстремистите да дојдат до посед на оружје за масовно уништување“, изјави Патрушев во текот на меѓународната средба на високи претставници од сферата на безбедноста, пренесува ТАСС.
Најголемата опасност, според зборовите на Патрушев, претставува групацијата „Исламска држава“ која „нема ништо заедничко со исламот“.
„Екстремистите во денешно време се обидуваат да дојдат до посед на оружје за масовно уништување, вклучително и на биолошко оружје, светската заедница треба внимателно да се однесува кон овие проблеми“, потенцираше Патрушев, претпоставувајќи дека појавата на вирусот Ебола во Гвинеја може да биде и неслучајна.
„Биолошкиот тероризам, појавата на вирусот Ебола можат да бидат високи технологии во областа на биолошкиот тероризам“, истакна тој.
На средбата за безбедност во Улан-Уде денеска учествуваат делегации од 70 земји во светот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче