Групата за нуклеарно планирање на НАТО може да се состане предвремено на министерско ниво за да дискутира за изјавите на Русија и соодветни промени во нуклеарната доктрина, пишува „Гардијан“.
Групата за нуклеарно планирање, во чиј состав влегуваат сите земји-членки на НАТО освен Франција, донесува одлуки за прашања од нуклеарната политика на Алијансата која постојано се анализира, коригира или адаптира.
„Министерската средба на Групата за нуклеарно планирање на НАТО, најверојатно, ќе биде одржана оваа година пред предвидениот рок, за да се разгледа обновувањето на нуклеарната доктрина“, пишува изданието. Весникот наведува дека официјалните изјави на Русија на тема нуклеарно оружје предизвикуваат во Алијансата сериозна загриженост и за нив се дискутирало на маргините на состанокот на министрите за одбрана на земјите на НАТО кој започна во средата, но и дека „САД се стремат да го вметнат прашањето во распоредот“.
„Меѓу потенцијалните теми се и зголемувањето на улогата на нуклеарното оружје во воените вежби на НАТО. Исто така, учесниците на средбата ќе дискутираат како најдобро да се интерпретираат предупредувањата на Русија за нуклеарното оружје: дали да се сметаат за сериозни или да се оценат само како реторика“, пишува весникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче