Картер: Постапките на РФ во ситуацијата со Украина беа неочекувани за САД

Министерот за одбрана на САД Ештон Картер изјави дека во последните 15 години САД биле зафатено со Ирак, Авганистан и со „многу нешта во светот“.

Постапките на Русија во ситуацијата околу Украина, кои Вашингтон ги толкува како „агресија“, беа неочекувани за САД, изјави шефот на Пентагон Картер.

„Ние не ги посакувавме овие нови предизвици, затоа што последниве 15 години бевме зафатени – ги имавме Ирак и Авганистан, имаме многу нешта во светот“, изјави Картер, зборувајќи пред американски војници во Естонија.

Министерот за одбрана на САД, кој овие денови се наоѓа на турнеја во Естонија, зборуваше пред војниците кои учествуваат во маневрите на НАТО „Балтопс“ во Балтичкото море. НАТО ги нарече овие воени вежби одговор на „руската агресија“ во Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња