Столтенберг: Силната одбрана на НАТО е еден од условите за дијалог со Русија

НАТО не се стреми кон трка во вооружување со Русија, но е должно да обезбеди заштита за сојузниците, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

НАТО не се стреми кон трка за вооружување со Русија, но е должно да обезбеди заштита за сојузниците, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Ова тој го изјави по пристигнувањето на средбата на министрите за одбрана на Алијансата, пренесува ТАСС.

„НАТО се стреми кон дијалог со Москва. Сепак, јас сум убеден дека зајакнувањето на одбранбените можности на Алијансата не му противречи на тоа. Силната одбрана на НАТО претставува еден од условите за дијалог со Русија“, изјави тој.

Столтенберг истакна дека воената соработка меѓу Русија и НАТО е замрзната, но дека политичкиот дијалог продолжува на разни нивоа.

„Освен тоа, остануваат отворени директните линии за врска меѓу војската, кои се користат за да се избегнат погрешни толкувања на воените активности и инциденти“, додаде тој.

Исто така, генералниот секретар на НАТО раскажа дека тешкото вооружување на САД се распоредува во Европа „за воени вежби“. На овој начин тој одговори на прашањето дали ваквите дејства не претставуваат провокација во однос на Русија.

Истовремено Столтенберг изрази благодарност до САД затоа што ги даваат „клучните воени можности за Силите за реакција на Алијансата, вклучувајќи го распоредувањето во Европа на дополнителна воена техника“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња