„Според разни процени, до 2 илјади државјани на Русија, првенствено со потекло од Северен Кавказ и други региони, војуваат таму веќе многу одамна“, изјави заменик-секретарот во средата во Улан-Уде, одговарајќи на прашање на „Интерфакс“.
„Враќањето во Русија на борците кои се државјани на нашата држава, исто така ќе биде проблем. А тие веќе се враќаат. Тие се инфилтрираат преку турската граница како туристи кои ги загубиле пасошите, се обраќаат во нашите дипломатски мисии за да добијат документ за враќање“, изјави Лукјанов.
„Овој процес тече, тоа не е замрзната слика. Се разбира, и натаму оди определен број на оние што сакаат да одат“, изјави Лукјанов за граѓаните на РФ кои се стремат да отидат во редовите на Исламската држава.
„Нема земја која би била заштитена“, изјави Лукјанов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче