Русија со построги барања за увозот од земји кои ги поддржуваат санкциите

Русија ќе има построги барања за увозот од земји кои ги поддржуваат санкциите, ќе ги затвори сите „дупки“ и „шеми“ за превоз на продукти, изјави министерот за земјоделство на Русија Александар Ткачев.

„Овој список (со забранети производи за увоз) сега се дискутира, сметам дека нема да се проширува. Ние, пред сѐ, ќе направиме одделни корекции, прецизирања, и нивната цел е во ниту еден случај производите од оние земји, кои ги поддржуваат санкциите против Русија, да не дојдат на друг начин преку дупки, шеми, преку трети земји, на територијата на Русија“, изјави Ткачев во програмата на телевизијата „Русија 24“.

Претходно министерот искажа мислење дека „пружината на санкции ќе истрела во полза на Русија“.

„Со својата одлука да се продолжат санкциите за половина година ЕУ создава поволни услови за развој на руската земјоделска гранка. Со безусловната државна поддршка пружината на санкции ќе истрела во полза на Русија“, истакна Ткачев.

Според неговото мислење, „ќе се постигне синергетски ефект: на краткорочните успеси во домашното земјоделство сега ќе им се додадат и среднорочните – од оние проекти од кои резултати можат да се добијат по некое време“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња