„Владата ми се обрати со писмена молба да го продолжам важењето на мерките што ги воведовме како одговор на потезите на нашите партнери од некои земји“, изјави Путин а пренесува агенцијата ТАСС. „Денес во согласност со тоа писмо го потпишав указот за продолжување на важењето на одделни специјални економски мерки со цел безбедност на Русија“.
Претседателот на Русија се обрати до руската влада со барање по итна постапка да донесе одлука за продолжување на возвратните мерки на санкциите на Западот. Мерките што ги воведе Русија се продолжени на година дена, почнувајќи од 24 јуни.
„Притоа, како што и предложи претседателот на владата, ние нашите мерки ги продолжуваме на година дена, почнувајќи од денешниот. Сметам дека тоа ќе биде добар ориентир за нашите земјоделски производители“, изјави Путин, а пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче