Форумот „Армија 2015„: Супермаркет за оружје, деловна платформа и воен Дизниленд

Екатерина Штукина / РИА Новости
Пред организаторите на меѓународната воена изложба „Армија 2015“ стоеја две задачи: да привлечат странски купувачи на руско оружје и да ја демонстрираат моќта на руската армија пред самите Руси, за кои воената служба според последната патриотски бран станува исто толку престижна, колку што беше во времето на Советскиот Сојуз.

Според одѕивот во руските медиуми форумот „Армија 2015“, кој се одржа во близината на Москва во Кубинка од 16 до 19 јуни, го стави во сенка авиосалонот на француското аеродром „Бурже“ кој тие денови се одржуваше во Франција. Русите за првпат гледаат толкаво количество современа воена опрема на еден специјализиран изложбен терен.


Противникот на Бурже


Форумот „Армија 2015“, кој Министерството за одбрана планира да се одржува секоја година, не е само акција во форма на „супермаркет за оружје“, каде клиенти избираат вооружување и одржуваат прелиминарни преговори за негово стекнување, туку претставува и сериозна платформа за дискусија каде експертите дискутираат за најактуелните прашања во развојот на вооружените сили.
Кластери на изложбениот центар „Патриот“, каде се одвиваше форумот, ќе се отвори за јавноста дури следната година. Патеките, блиндажите и стрелиштата веќе го добија називот „воен Дизниленд“. Сепак уште сега може да се каже дека според обемот центарот може да им конкурира на солидните руски воени изложбени платформи Russian Arms Expo во Нижни Тагил или на МАКС (меѓународниот воздухопловен салон) во Жуковски, а исто така и на други големи меѓународни изложби на вооружување. Освен според огромните површини за статично изложување „Патриот“ е опремен со полигон за демонстрација на борбените можности на копнената, водената и воздушното техника.
Сите војници, централните органи на военото управување, индустриските претпријатија, научно-производствените организации, водечките образовни институции ги презентираа своите експозиции на форумот. На прво место посетителите, меѓу кои имаше претставници на 59 земји, активно се интересираа за новините. Многу видови вооружување беа за првпат прикажани на јавноста.


Нови радиолокациски системи, хеликоптери и преносни ракетни комплекси

Меѓу нив е бродската варијанта на разузнавачко-ударниот хеликоптер Ка-52К и „арктичката“ верзија на светскиот хеликоптерски „бестселер“ „Ми-8/17“ – „Ми-8АМТШ“. Хеликоптерот е опремен со оклоп, на шесте јазли може да се распореди дополнително вооружување: противтенковски водени проектили „Атака“ или „Штурм“, водени проектили „Игла“ од типот воздух-воздух. „Арктичкиот“ хеликоптер може да функционира во услови на ниски температури, ограничена видливост, вклучително и за време на поларната ноќ.
Долгочекуваната новина на „Армија 2015“ беше преносниот ракетен комплекс „Верба“ ​​(„Врба“ – заб. прев.), со кој во скоро време ќе бидат превооружени руските вооружени сили, вклучувајќи ги и маринците и десантните трупи.
Главната разлика на „Верба“ ​​од другите руски преносни ракетни комплекси од претходната генерација (особено од легендарната „Игла“) е мултиспектрална оптичка глава, благодарение на која ракетата може да ја препознае прифатната цел од неактивни топлински блокатори, кои сега се користат активно во сите авиони и хеликоптери, вклучувајќи и од транспортните. Современата мултиспектрална оптичка глава на ракетата овозможува да се „ловат“ дури и беспилотни летала, кои имаат ниска топлина емисија. Според соопштението на главниот конструктор на Коломенското биро за инженеринг Валериј Кашин „Верба“ ​​ќе биде дел од воениот извоз.

Војската на воздушно-космичката одбрана за првпат во дејствие го покажа мобилниот комплекс „Небо-М“. Тој е наменет за решавање борбени задачи во противвоздушната одбрана и радиолокациско обезбедување на зенитната војска. Комплексот функционира при какви и да се пречки, на многуте дијапазони на програмското следење и од неговото „око што сè гледа“ нема да се скрие дури ни мала цел која се движи со хиперсонична брзина. Посетителите на форумот ја проверија работата на новитетот. Кога „Небо-М“ почна да го скенира воздушниот простор над Кубинка, на многумина им се изгуби мобилната врска.

Цивилната технологија исто така имаше свое место во рамките на воениот форум. Концернот „Радиоелектронски технологии“, кои влегуваат во состав на државната корпорација „Ростех“, на изложбата го претставија одбранбениот комплекс „Президент-С“, кој меѓу другото ги штити и цивилните авиони од ракети од класата „земја-воздух“, а исто така и од преносни ракетни системи. „Президент-С“ автоматски го препознава лансирањето на ракетата и активира примена на масивни и на активни пречки во инфрацрвен и радиодијапазон. Системот за самонасочување на ракетата се нарушува и таа удира во лажна цел.

Постојано во движење

Највпечатливи и најгледани на форумот „Армија-2015“ беа разните динамички ревии, вклучувајќи и демонстрација на најновото стрелечко оружје.

Во сувоземниот кластер своите квалитети ги демонстрираа десантните борбени машини БТР-МДМ „Ракушка„ и САУ „Спрут“. Вооружена со 125-милиметарски топ и тежина од 18 тони, САУ „Спрут“ може да се справи со водени пречки, а исто така со помош на повеќекуполните падобрански системи да десантира од воено-транспрортниот авион Ил-76 без специјална подготовка.

Своите технички можности ги покажаа над 40 авиони и хеликоптери, меѓу кои беа авионите Јак-130, Су-30СМ, Су-34, Су-35, хеликоптерите Ансат-У, Ка-226, Ми-8 АМТШ, Ми-35, Ка-52, Ми-28Н, а исто така и ловецот од петтото поколение T-50.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.