Украинските медиуми ги цитираат зборовите на новиот губернатор на Одеската област Михаил Саакашвили, кој смета дека Кремљ го развива проектот „Бесарабија” за Одеската област.
Жителите на оваа територија гледаат практично само руски канали, што одговара на плановите на Кремљ, изјави губернаторот на Одеска Михаил Саакашвили во емисијата „Слобода на говорот“ на украинската телевизија, а пренесува порталот „Подробности”.
„Ми е срам да зборувам за ова, но за украинска Бесарабија до неодамна повеќе размислуваше Владимир Путин отколку нашата власт. Тие (Кремљ) го имаат проектот Бесарабија... Тие се подготвуваат да направат нешто таму... Во Бесарабија сега поголемиот дел од населението гледа само руски канали”, призна тој.
Саакашвили ја истакна важноста на оваа територија, затоа што тоа е стратешки пат од Украина за Романија, т.е. за Европската унија. Тој смета дека населението на Бесарабија ја гледа Украина само во негативно светло.
„Тие сега се изолирани. И единственото што го гледаат во Украина се алчните чиновници, тоа се лошите патишта кои одамна никој не ги поправал, тоа е обвинителот на Одеската област кој го блокира траектот преку Дунав, кој е за нив извор на приход, тоа е судијата на Измаилскиот реон која им забрани на селаните да ја соберат жетвата“, истакна поранешниот претседател на Грузија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче