Поранешниот амбасадор на Франција во Русија Жан де Глиниасти смета дека украинското прашање можеше да се реши лесно доколку ѝ се дадеше Севастопол на Русија и да беше гарантиран статусот на рускиот јазик на Крим, а особено затоа што полуостровот секогаш бил руски.
Глиниасти је истакна дека европската и француската дипломатија направиле грешка по прашањето за Украина кое можело да се избегне, пренесува РИА „Новости” повикувајќи се на „Ле Фигаро“.
„Тоа не беше тешко. Требаше само да ѝ се даде Севастопол на Русија и да е гарантира статусот на рускиот јазик на Крим“, сигурен е Глиниасти. Според неговите зборови, официјалното враќање на Севастопол на Русија би можело да се случи најдоцна по истекувањето на рокот за изнајмување на базата на Црноморската флота на Крим, кој треба да истекне во 2042 година.
„Тие проекти можеа да бидат реализирани во моментот кога Москва почна да настапува против Спогодбата за асоцијација меѓу ЕУ и Украина, меѓутоа, непознавањето на историјата од страна на Европската унија, а особено од САД, го спречи ваквото сценарио. Паднавме во рацете на САД“, смета Глиниасти.
Што се однесува до Крим, поранешниот амбасадор е сигурен дека овој полуостров никогаш не ѝ припаѓал на Украина. „Крим отсекогаш бил руски“, нагласи Глиниасти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче