5 најевтини начини да пропатувате низ најголемата земја на светот

Аљона Репкина
Со добар план, туристите во Русија нема да потрошат многу пари, а патувањето и понатаму може да биде интересно.

Знаеме како изгледа тоа: кончено стасавте во Русија, се подготвувате да направите сè што сте планирале. Но, набргу излегува дека сè повеќе пари трошите на билети за возење и за влезници и конечно сфаќате дека тоа не е рационално и дека нема да успеете да го поминете сето она што сте сакале. Туристите најчесто прават сè на вообичаен, а тоа по правило значи и на најскап начин.

За среќа, постојат неколку начини да ги намалите трошоците за патувања и за други активности додека сте во Русија.

1. Патувајте со јавен превоз секогаш кога можете

Некои Американци мислат дека јавен превоз постои само во Њујорк. Тоа, секако, не е точно. Во Русија јавниот превоз е добро организиран и во релативно малите градови.

Аљона РепкинаАљона Репкина

Затоа пред да почнете да трошите пари на такси, распрашајте се и возете се со тролејбус како и локалните жители.

2. Купете билет за повеќе возења

Во поголемите градови ќе откриете дека постојат повеќе опции – можете да користите метро или автобус или да ги комбинирате двете превозни средства. Разгледајте ги внимателно можните трошоци за превоз и споредете ги со цените на билетите: сигурно се исплатува.

Аљона РепкинаАљона Репкина

Посоветувајте се со жителите на градот во кој се наоѓате и за соодветен билет можете да поминете многу работи. Американката Карина Меккори (24), студентка на постдипломски студии вели дека билетот „Тројка“ е најдобра опција за оние што се возат со јавен превоз во Москва зашто може да се користи во метро, во автобус, во трамвај, па дури и во некои приградски возови.

3. Користете апликации за делење превоз

Апликацијата за делење превоз BlaBlaCar е особено популарна во Москва и во Санкт Петербург. Може да биде од голема корист доколку сакате да поминете места во Московската област или да заминете на еднодневен излет во некој од градовите од Златниот прстен на Русија. Притоа, доколку сте навикнале на вакви апликации, ќе можете да ги користите и во Русија.

Аљона РепкинаАљона Репкина

4. Дента кога е бесплатен влезот во голем, одете во помал музеј

„Редицата е долга, но може да се влезе бесплатно“, вели Кристина Росивак (26), писателка и уредничка, по потекло од САД. Сепак, понекогаш не се исплатува да се чека во предолгите редици. Дали би стоеле пред Ермитаж само за да заштедите малку пари?

Аљона РепкинаАљона Репкина

Корисен совет: кога сте во Санкт Петербург почекајте кога влезот во Ермитаж е бесплатен. Сите ќе отидат таму, а вие на раат ќе можете да се посветите на разгледување на Музејот на политичката историја на Русија и на Музејот на одбраната и опсадата на Ленинград. Многу странски туристи не ни чуле за нив, но секако треба да се посетат зашто навистина може многу да се дознае, цената на влезницата не е висока и нема турканици.

5. Научете се да се ориентирате во градот

Ермитаж е преубав, но Московскиот музеј на современата уметност навистина ме воодушеви. Го посетив, иако не сум љубител на модерната уметност. Кога ќе се најдете во кој било руски град, најдобро е самите да си ја осмислите обиколката. Единствено што ви е потребно е ведар ден.

Аљона РепкинаАљона Репкина

Ќе вида дадам уште еден совет: градовите најдобро се истражуваат со шетање. Земете туристички проспект и забележете на мапата неколку стари цркви. Додека се одморате, прочитајте нешто повеќе за нив и потрудете се да ги пронајдете. Потоа тргнете понатаму, а кога ќе наидете на некој мал музеј во зафрлена улица, задолжително влезете и распрашајте се за тамошната поставка.

Секогаш е корисно да дознаете каде се поголемите паркови и фонтани, зашто со нивна помош ќе можете да се ориентирате во непознат град. Не заборавајте сето тоа да го означите на мапата, а убаво е да водите и дневни белешки за она што сте го виделе.

На крајот, изберете некоја висока зграда и искачете се на неа – во Санкт Петербург тоа може да биде Исакиевскиот храм – и обидете се да го видите сето она што сте го означиле на мапата. Не е многу лесно, но сигурно ќе ви помогне подобро да го запознаете градот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња