Осум најруски места во Русија

Велики Новгород. Одлично место каде што можете да го видите раното руско историско и религиозно наследство.Овој мирен провинциски град во минатото бил престолнина на раната руска држава и еден од најголемите градови во Европа. Тој е и еден од ретките градови во Русија што не го освоиле Монголците и кој станал симбол на рускиот отпор против надворешната доминација. До наши денови тука се зачувани околу 50 цркви од периодот на средниот век и раната нова доба.

Велики Новгород. Одлично место каде што можете да го видите раното руско историско и религиозно наследство.Овој мирен провинциски град во минатото бил престолнина на раната руска држава и еден од најголемите градови во Европа. Тој е и еден од ретките градови во Русија што не го освоиле Монголците и кој станал симбол на рускиот отпор против надворешната доминација. До наши денови тука се зачувани околу 50 цркви од периодот на средниот век и раната нова доба.

Lori/Legion-Media
Ги избравме овие градови поради нивното историско значење, културно и религиозно наследство и природните знаменитости. Сите овие места се на листата на симболите што се олицетворение на руската душа и дух.

Велики Новгород

Lori/Legion-MediaLori/Legion-Media

Одлично место каде што можете да го видите раното руско историско и религиозно наследство.

Овој мирен провинциски град во минатото бил престолнина на раната руска држава и еден од најголемите градови во Европа. Тој е и еден од ретките градови во Русија што не го освоиле Монголците и кој станал симбол на рускиот отпор против надворешната доминација. До наши денови тука се зачувани околу 50 цркви од периодот на средниот век и раната нова доба.

Владимир

Lori/Legion-MediaLori/Legion-Media

Одлично место каде што можете да размислите за долгата историја на Русија и да дознаете повеќе за нејзините древни архитектонски достигнувања.

Владимир е една од средновековните престолнини на Русија, а денес е меѓу бисерите на туристичката маршрута „Златен прстен“. Во градот има безброј споменици од бел камен од 12 век, кои се доказ за издржливоста на руската држава, која ја пребродила бруталната инвазија на монголо-татарската армија во 1238 година.

Црвениот плоштад и Кремљ во Москва

 Shutterstock/Legion-Media Shutterstock/Legion-Media

Одлично место да уживате во убавината на главниот и најголем град во Русија.

Не постои поголем руски симбол од овој прочуен плоштад и древната тврдина со нејзините прекрасни порти, куполи и познатата Саат-кула. До основањето на Санкт Петербург Кремљ бил единствениот врховен религиозен центар и дом на големиот кнез на Русија. Катедралата „Св. Василиј Блажени“, која се издига над Црвениот плоштад, е можеби најпрепознатлив симбол на Русија. Плоштадот се смета за центар на главниот град и срце на земјата, зашто сите стари главни патишта во градот тргнуваат оттука.

Кишки Погост

PhotoxpressPhotoxpress

Одлично место каде што може да се почувствува снаодливоста и решеноста на рускиот народ.

Има ли поголем симбол на Русија од изолацијата и снаодливоста? Ова место од 17 век зборува и за двете. Лоциран во средината на езерото Онега, овој остров содржи три големи структури: камбанарија и две големи дрвени цркви, од кои едната се издига на височина од 37 метри и има 22 куполи. Во овие конструкции не е употребен ниту еден клинец и тие се неверојатно издржливи, иако се направени од прилично едноставни материјали.

Езерото Бајкал

Shutterstock/Legion-MediaShutterstock/Legion-Media

Одлично место каде што можете да ја видите разновидноста на руската природа.

Најголемото слатководно езеро во светот е симбол на природното изобилство и величественоста на Сибир. Тоа е најдлабокото езеро во светот. Тоа е и едно од најчистите и најстари езера во светот. Според некои пресметки старо е над 25 милиони години.

Тука живеат илјадници растенија и животни, кои не се среќаваат на ниту едно друго место во светот, вклучувајќи ги и ретките слатководни бајкалски фоки, омулот и бајкалската есетра.

Статуата „Татковината-мајка повикува“

Lori/Legion-MediaLori/Legion-Media

Одлично место што сведочи за жртвите дадени од Русија во Втората светска војна.

Една од најпознатите статуи во Русија претставува знак на почит кон страдањата и жртвите на земјата за време на Втората светска војна. Токму тука, во денешен Волгоград (поранешниот Сталинград), Советската армија ги победува нацистичките сили и прави пресврт во војната. Сместена на ридот над градот, оваа статуа претставува знак на благодарност на над еден милион жртви дадени од Црвената армија во најкрвавата битка во војната.

Споменикот „Работникот и колхозничката“

Lori/Legion-MediaLori/Legion-Media

Одлично место за да ги запознаете научните и економски достигнувања на СССР.

Можеби не постои друг споменик што ја доловува симболиката на „големиот експеримент“ наречен Советски Сојуз. Овој споменик, кој се наоѓа на влезот на паркот ВДНХ во северниот дел на Москва, е дизајниран за Светската изложба во Париз во 1937 година. Можеби на Запад денес тој е најдобро познат како логото на „Мосфилм“, најголемото филмско студио во Русија.

Бородино

Александра Мудрац / ТАСС  Александра Мудрац / ТАСС

Одлично место каде што можете да дознаете повеќе за историјата на руската армија и за нејзиното учество во војните против Наполеон.

Историјата на Русија секогаш била бурна, а Бородино е еден од најпознатите примери за тоа. Тука се одвивала најкрвавата битка од војните против Наполеон која е опишана во епохалниот роман „Војна и мир“ од Лев Толстој. Иако станува збор за вистински колеж, Толстој ја опишува како морална победа за Русија, зашто нејзините војници ја поразиле непобедливата војска на Наполеон.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња