Како да се скроти мечка: искуството на едно руско семејство

Мечката Степан

Мечката Степан

Caters/Legion-Media
Во 1993 година обично руско семејство посвои тримесечно мече кое било на работ на смрт од глад. Како успеале да го претворат дивото животно во една од најпознатите најмилите миленичиња?

Не, не во секое руско семејство мечките живеат како домашни миленици. Но, има едно семејство кое си одгледува една.

Мечката по име Степан има 23 години и си има сопствен сајт. Тој е висок 2.25 метри и тежи 350 килограми. Во своите зрели години (во својата природна средина мечките живеат во просек до 25 години) Степан може да танцува „Gypsy Girl“ и валцер со својата сопственичка.

Како мечокот се нашол во семејството

Во 1993 година младото семејство Јуриј и Светлана Пантелеенко добиваат повик од пријател кој ги моли да прифатат мече - малиот санктпетербуршки циркус веќе немал можност да ги храни животните и барал секаква можност да ги спаси оние кои не можеле да бидат згрижени никаде.

Кога пристигнале, виделе седум слабички и болни мечиња кои биле чувани без храна.

„Решивме да ги нахраниме животните со леб, но едно од мечките дури не успеа ни да се доближи до корка - беше оттурнато и тепано од другите мечки“, вели Светлана Пантелеенко. „Затоа тоа седна во аголот, најслабото и најмалтретирано од сите“.

Мечето немало никаква крзно. Коските му се броеле под бледата кожа и од устата му се гледале расипаните заби.

„Мечето го виде мојот сопруг и се стрча кон него, му се залепи за нозете и почна да се трие од него“, вели Светлана. „Тогаш сфативме дека треба да го спасиме бебето и го зедовме со нас. Не знаеме што се случило со останатите мечки. Велат дека ги сместиле во добри домови“.

На мечето му го дале името Степан и првите години од заедничкиот живот биле посветени на грижа додека закрепне. Требало да се храни на секои три часа - Светлана и Јуриј го хранеле со млеко од шише и со биберон, му подготвувале каша и му давале јајца. Редовно го воделе кај локалниот ветеринар и со текот на годините „грдото пајче“ се претвори во гигантска кафеава мечка.

Како живее мечокот денес

Кога наполнил пет години, мечокот почнал да изведува претстави за турнеи и постигнал голем успех на циркуската арена. Дотогаш неговите „родители“ поминале низ циркуски курс и се здобиле со сертификат на лични тренери, што им дало право да го задржат мечокот во домот.

Семејството патувало многу ни светот. Пантелеенкови успеале да ја поминатиот Латинска и Јужна Америка, како и да ја посетат Јапонија. Но, на мечокот му било многу тешко да патува долги часови со авион, како и да се прекачува од авион на авион, и конечно семејството решило да се откаже од циркускиот живот.

Денес Степан работи како актер и модел. Тој ја започнал кариерата во филмови на познатите руски режисери како што се Павел Лунгин и Алексеј Учитељ и постојано се појавува на малиот екран во серии и во реклами.

До неодамна Степан играл само лоши улоги: постојано бркал некого, кинел на делови или го јадел жив. Сепак, според семејство Пантелеенко „актерот“ имал можност да го покаже и другото лице на мил и одговорен циркуски мечок.

Како да се одгледа мечок

Степан живее во куќа крај Москва со „родителите“. Тој си има своја парцела од 1.400 квадратни метри со мало дувло и со базен. Сепак, поминува речиси 24 часа на ден околу семејство Пантелеенко, шетајќи, играјќи си и комуницирајќи со нив.

„Ние не сме го тренирале, туку го имаме обучувано во форма на игра“, вели Светлана. „За 23 години не сме имале ниту еден случај во кој животното 'ржело или ни се нафрлувало.

Мечокот сака најмногу да се бори со Јуриј, да спие 12 часа и да јаде. Цицачот троши околу 25 килограми овошје и зеленчук на ден. Не јаде месо.

Според семејство Пантелеенко покрај фактот што мечокот тежи 350 килограми, тој може да седи со нив на иста маса или да се излежува на кожниот тросед, за да гледа телевизија.

„Имаме нормален мебел од домашно производство. Ништо посебно. Степан, се разбира, помага во „расклопувањето“ на стариот мебел и во забрзувањето на реновирањето на куќата, но не многу. Несмасноста на мечките е стереотип. Тој никогаш не би раскинал или уништил нешто што сака“, вели Јуриј.

Кога мечокот ќе види нешто интересно, тој почнува да го имитира. „Еднаш, за време на снимањето, ме виде како си ставам перница под главата и заспивам“, вели Јуриј. „Сега и Степан спие со перница под главата“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња