Седум нешта кои им го одземаат здивот на туристите во Камчатка

Уште од првиот ден на патување по Камчатка не те напушта „скандинавското чувство“: аскетски куќи на позадината на студениот океан, долгите зими, топлите извори и гејзири, снегот посипан со вулкански песок и брезите Ерман што растат по целиот брег, а кои повеќе се познат како камени брези - уникатни дрвја, кои не можат да бидат урнати дури и од најмоќните северни ветрови. Камчатка повеќе личи на Исланд, отколку на рускиот Далечен Исток. Со што може да ги изненади патниците еден од најоддалечените и тешко достапни руски региони и во што се состои неговата особеност, со која привлекува годишно десетици илјади туристи, без разлика на високите цени и на сложената логистика?

Мечките 


Фото: Дијана Серебриникова

Камчатка е вистинска „мечешка држава“ на Русија. Според различни анализи, тука живеат помеѓу 15 и 30 илјади мечки. Ваква концентрација на овие животни не се среќава никаде на друго место, не само во Русија, туку и во целиот свет. Најефективно и најбезбедно место на кое можат да се набљудуваат камчатските мечки е околината на Курилското Езеро (200 км од Петропавловск Камчатски). 

Еднаш фотографот Сергеј Горшков имал среќа да сними тука со еден панорамски рамка цели 17 мечки! Езерото е дел од резерватот Кроноцки (http://kronoki.org), а придружбата од вооружени инспектори тука е задолжителна при движење во областа. 

Вулканите 


Фото: Вадим Гипенрајтер

Кога кон вулканите Корјакски, Авачински и Козелски кои кога времето е ведро јасно се гледаат од секоја точка на главниот град на Камчатка, локалните жители се обраќаат како кон членови од семејството, ова предизвикува благ шок кај новодојдените патници: два од овие тројца гиганти се активни, периодично „киваат“ (во такви моменти земјата во градот благо тресе) или нивните врвови малку чадат. Преку „соживотот со вулканите“ жителите на Камчатка не само што се навикнати на овие феномени (многу од зградите во Петропавловск Камчатски се изградени со посебни сеизмолошки отпорни конструкции), но и се особено чувствителни набљудувачи и на најмалите промени во однесувањето на своите страшни соседи.

За најдобро да ги набљудувате „семејните“ вулкани, од Петропавловск Камчатски одете на Мишенаја гора, а за 5.000 рубли (околу 100 долари) може да се резервира соба во локалниот хотел „Петропавловск“ со поглед на вулканите. До останатите вулкани на Камчатка, вклучувајќи ги и вулканот Узон, Долината на гејзирите и Долината на смртта, можете да дојдете само со хеликоптер од локалното аеродром Елизово. Вулканите на Камчатка, кои на полуостровот ги има околу 300, се вклучени во листата на Светското наследство на УНЕСКО. 

Цените се огромни, колку и мечките 

Камчатка е туристичка дестинација за патници кои не се соочуваат со финансиски тешкотии: цените на авионските билети од Москва почнуваат од 20.000 рубли (околу 360 евра) (во активната летна сезона достигнуваат до 60 000), екскурзија со хеликоптер до гејзирите е до 90.000 рубли, литар бензин е 45 рубли, а сметката за ручек во локален ресторан започнува од 1.000 рубли. Тука туристите се изненадени не само од вулканите и мечките: во локален супермаркет „Вега“ може да се прават екскурзии - обичните краставици можат да чинат 700 рубли, пиперките 800 рубли, а млекото Danone чини 200 рубли (3.5 евра). Независно од тоа што платата на локалните жители, на пример во војската, достигнува до 50-80 илјади рубли, средната плата останува околу 15-20 илјади. Износот кој ќе се одделите за одморот во Камчатка е еднаков на сафари во Танзанија или на крстарење низ Австралија. Но, благодарение на слабата рубља, дури толку скап регион каков што е Камчатка, стана подостапен за патниците за разлика од порано. 

Чудесна морска храна 


Фото: Јулија Шандуренко

Во недалечното минато жителите на Камчатка не можеа мирно да спијат од звуците, што се издаваа во водата од размножувањето на лососите, ете толку многу риби има тука. Слабата населеност на Камчатка има позитивни страни: одлична екологија и чиста вода. Основата на локалната кујна се состои од видови пацифички лосос како што се нерка, горбуша, познатиот камчатски рак и лигни. За време на летниот риболов достапен е црвен кавијар „петминутка“, кој се смета за луксуз и кој го има само на Камчатка. 

Тој може да биде подготвен на брегот на реката од свежо фатена риба и веднаш да биде искуство. Не очајувајте ако сте стигнале до Камчатка во зима: кај сите положби кавијар тука е свеж, отколку на континентот (така локалните жители го нарекуваат остатокот на Русија), бидејќи е подготвен за време на летната сезона. На локалните рибни пазари цената за таков вкусен камчатски сувенир започнува од 2 000 рубли за килограм (за сметка на тоа, дегустација на неколку лажички е потполно бесплатна). 

Дива убавина 


Фото: Игор Шпиленок

На Камчатка сите оние кои не се плашат да ги надминат сериозните пречки можат да со свои очи да видат вистинската дива убавина: езера, во и околу кои врие живот, кои се во соседство со смртоносни вулкани, глечери со топли извори, тајга и тундра, луѓе кои живеат рамо до рамо со диви животни. Еве вака се обидува да го опише овој неверојатен свет во својата книга „Камчатка, која сакам“ фотографот-натуралист Игор Шпиленок: „Кога во тивките утра седиш со фотоапаратот на брегот на Курилскоте езеро и го набљудуваш изгрејсонцето, имаш чувство дека наоколу сè се скаменило во тие вечни предели, дека така било пред тебе, и дека засекогаш така ќе остане. И само неочекуваното цврсто занишување на земјата - почнува земјотрес - одеднаш те потсетува дека ова е едно од најпознатите немирни места на планетата и дека во секој момент може да се случи нешто спектакуларно“. 

Чувството на исконско 

Независно од тоа што Петропавловск Камчатски е врсник на Санкт Петербург, останува впечатокот дека луѓето овде живеат од пред 50 години: населението на целиот полуостров изнесува 350 илјади луѓе, а во главниот град, со неговите 170 илјади, нема да видите јарки ноќни светла или „ноќен живот“  како оној од големите градови. До 1990 година странец не можеше да припари до камчатска земја, па дури и за Русите се бараше специјална пропусница, но сега тој е отворена за сите. Овие фактори, во комбинација со гејзерските реки и долини, километарски вулкански масиви, постојано менување релјефот по ерупција, прават од Камчатка едно од ретките места на Земјата, на кои може да се почувствувате како пронаоѓач. Оваа територија е откриена пред повеќе од 300 години, но дури и денес за неа не се знае многу. 

Единствената победа на Русија во Кримската војна

Колку далеку може да стигне Кримската војна во буквална смисла на зборот? На овој изненадувачки факт за Камчатка првично се гледа со недоверба, но тоа е вистината, која е можеби единствената позитивна епизода за Русија за целата историја на оваа војна, а која предизвикала негативни реакции во Лондон и Париз од тоа време. Во екот на тешката за Русија Кримска војна (1853-1856 година), малобројните гарнизон на Петропавловск Камчатски извојувале победа над англо-француската ескадрила која го нападнала Петропавловското пристаниште - главната потпорна точка на Русија на Далечниот Исток.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња