Што се крие под Москва?

Под московскиот асфалт, неколку десетици метри под земјата, се крие малку познат подземен град, кој е составен од тунели, бункери, складишта и катакомби. Многу од овие подземни простории до денешен ден се чуваат во строга тајност. „Руска реч“ на своите читатели им претставува неколку места во подземјето на Москва што се отворени за посетители.

Бункер-42


Извор: Press Photo

Се наоѓа во близина на метро-станицата „Таганскаја“, а изграден е во педесеттите години од минатиот век, во екот на Студената војна. Влезот во овој бункер е заштитен со бетонски плочи со дебелина од 6 метри, а е скриен зад една лажна куќа од 19 век. Оваа подземна скривница се наоѓа на длабочина од 65 метри, на исто ниво како и Кружната линија на московското метро (рус.: Кольцевая линия) и висока е колку зграда од 17 ката. 

Подземниот комплекс се простира на повеќе од 7.000 квадратни метри и е составен од четири системи од тунели. Објектот е граден како скривница за командата на далечната авијација и имал инфраструктура и опрема за задоволување на основните животни потреби, така што можел да служи како команден центар во случај на нуклеарен напад врз Москва. Температурата на воздухот во бункерот изнесува 16 степени. 

Во Бункерот-42 во 2006 година беше отворен музеј на Студената војна. Музејот е интерактивен: посетителите можат да пробаат советска униформа и да го допрат оружјето од тоа време, во шлемови и во заштитни одела да прошетаат по тунелите што некогаш биле тајни, да видат како е да се биде војник за врска, или да „лансираат“ нуклеарни боеви глави со притискање на прочуеното црвено копче. 

http://www.bunker42.com/

Сталиновиот бункер 


Извор: elpida.ru

Таканаречениот „бункер на Јосиф Сталин“ се наоѓа недалеку од метро-станицата „Измајловскаја“. Овој објект е изграден во триесеттите години од минатиот век. Бил планиран како резервен команден центар на Врховниот командант на Советскиот Сојуз. Тунелот е долг 17 километри и го поврзува бункерот со Кремљ. 

Сталин престојувал во овој бункер кон крајот на ноември и почетокот на декември 1941 година. Тука е донесена одлуката дека Москва не смее да се напушти и дека по секоја цена мора да се брани. Од 1996 година Сталиновиот бункер е претворен во музеј и можат да го посетат сите оние што сакаат. Овој подземен објект е релативно мал. Во него се наоѓаат само најнеопходните простории: сала за седници, работен кабинет, соби за одмор, кабинет на генералот, простории за обезбедувањето и трпезарија. 

http://www.elpida.ru/stalin

Неглинка – скриената река 


Извор: mosextreme.ru

Петте тајни на московскиот Кремљ
Кремљ е најпосетуваната знаменитост на Москва. Сите водичи задолжително им ги покажуваат на туристите Царот-камбана и Царот-топ, Тајницката градина, Оружејната палата. Но, во Кремљ има и такви знаменитости што може лесно да останат незабележани. Впрочем, токму тоа и ги прави интересни.

Неглинка е лева притока на реката Москва. Долга е седум и пол километри, а во летописите за првпат се споменува во 1147 година, исто како Москва. Неглинка извира на површината, во реонот Марјина рошча, потоа како понорница протекува под центарот на градот, па повторно извира кај Александровската градина и се влева во реката Москва низ широк камен отвор на брегот што се гледа од Големиот камен мост. Речиси по сиот свој тек Неглинка протекува низ тесен камен тунел сличен на цевка. На почетокот на 19 век нејзиниот тек бил канализиран со колектор. Една приватна компанија организира екскурзија на подземниот тек на Неглинка. 

Но, се случува договорените екскурзии да бидат откажани во последен момент поради дожд, зашто тогаш расте нивото на водата во реката. Реката Неглинка важи за едно од најтаинствените и најмистичните места во Москва: авантуристите и истражувачите на московското подземје тврдат дека во овој тунел често доживуваат привидувања. Во камениот тунел се влегува низ колектор што се наоѓа во близина на метро-станицата „Сретенски булевар“. 

http://mosextreme.ru/dungeon

Сјановските каменоломи 

Сјановските каменоломи се наоѓаат во Подмосковје, недалеку од селото Старосјаново. Од овие каменоломи потекнува варовникот кој во минатото бил користен за изградба на тврдини и на храмови во „белокамената“ Москва. Сјановските каменоломи се отворени во 17 век. 


Извор: mosextreme.ru

Во советскиот период каменот од овие каменоломи се користел за зајакнување на пистите, а за време на Втората светска војна тука се наоѓала воена болница, додека по нејзиното завршување ова место станало сеизмолошка станица. 

ТОП-6 ремек-дела на советската архитектура 1920-1950 година
Најдобрите примероци на советската архитектура биле изградени во првите 30 години од постоењето на СССР. Токму во тоа време Москва ја украсиле футуристичката Шуховска кула, помпезниот хотел „Москва“ и седумте стројни сталински висококатници.

Влезовите во Сјановските каменоломи се затворени во 1974 година. Во тоа време системот на подземни премини бил долг над 90 километри. Група ентузијасти во 1988 година повторно ги откопала и отворила еден од влезовите во Сјановските каменоломи, кои, благодарение на мештаните од околината и на постојаните посетители, беше реновиран во 2007 година. 

Постојаните посетители на Сјановските каменоломи себеси се нарекуваат „системшчики“, по примерот на некогашното советско хипи-движење. Во овие подземни тунели и премини се разви своевидна супкултура со свои правила, митови и ритуали. Тунелите на Сјановските каменоломи се на длабочина од 25 до 30 метри, а нивната висина варира меѓу 0,4 и 3 метри. Температурата во каменоломите се движи меѓу 7 и 10 степени според Целзиус. До Сјановските каменоломи може да се стаса со автобусот со број 439. Патот од метро-станицата „Домодедовскаја“ до автобуската станица „Пошта“ трае околу 35 минути.

http://mosextreme.ru/dungeon

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња