Кудрин: И покрај санкциите, Русија е подготвена да соработува со американскиот бизнис

Многу западни компании веќе жалат поради решенијата на нивните влади да воведат санкции против Русија.

Поранешниот министер за финансии на Русија, Алексеј Кудрин изјави дека и покрај санкциите, Русија е подготвена да соработува активно со американскиот бизнис, соопштува ТАСС.

Оваа изјава Кудрин ја даде на годишното заседание на Руско-американскиот деловен совет во Њујорк.

„Руското раководство е подготвено на секој начин да помогне во подобрувањето на инвестициската клима. Русија е подготвена да прима инвестиции од странство, и тоа постојано им го зборуваме на нашите партнери“, изјави поранешниот шеф на Министерството за финансии на Русија.

Тој забележа дека многу западни компании веќе жалат поради решенијата на нивните влади да воведат санкции против Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња