Параолимписко наследство на Сочи

Извор: Евгениј Егоров

Извор: Евгениј Егоров

Инструктор од Сочи им помага на децата со ограничени можности да се скијаат на олимписките патеки во Краснаја Пољана.

Пред една година на олимписките патеки во Краснаја Пољана се натпреваруваа најсилните параолимпијци на планетава. Инфраструктурата за спортски активности за луѓето со ограничени можности почна да се појавува во Русија од неодамна. Првите успеси се чувствуваат уште сега. Во март годинава за првпат во Русија едно петгодишно дете што не може да оди, а кое има дијагноза детска церебрална парализа, со помош на сноуслајдер успеа да се спушти по вистинска патека за скијање на височина од 2.300 до 1.170 метри, при што се спушташе цели пет километри.

Снослајдер претставува тренажер за луѓе на кои им е потребна стабилизација на горниот дел од телото или на целото тело, а исто така и за луѓе со нарушен вид.

Таткото на малечката спортистка, Андреј Баталов, долги години работи во Сочи како инструктор по скијање. Кога неговата ќерка Тања била многу малечка, Андреј често ја земал со себе на патеките: „Ќерка ми скијаше со мене во специјален ранец поставен на мојот грб. Многу ѝ се допаѓаше, а јас мечтаев дека таа ќе скија. Тогаш тоа се чинеше како нешто сосема невозможно“. 

Скии од мечтите

Андреј е еден од малкутемина руски родители когo недостатокот на детето гo тера на очајнички усилби – самиот да стане рехабилитолог. За само една година тој успеа во невозможното: неговата петгодишна ќерка, која не може да оди, сега со задоволство скија. 

Андреј Баталов. Фотографија: Анастасија Верхотурова.

Во Русија во неколку градови веќе неколку години функционира програмата „Скии од мечтите“, во која деца со сериозни здравствени ограничувања се поставуваат на скии на детските патеки за тренинг. 

„Оваа програма сосема случајно ја најдов на Интернет пролетта 2014 година“, вели Андреј. „Откако дознав за курсевите за инструктори за програмата, се спакував и заминав во Москва. Целта ми беше да се обучам и да ја тренирам ќерка ми. Од пријателите зедов пари на заем за да купам сноуслајдер од московската програма за Сочи. Се вратив во планините и почнав сам да го развивам овој проект“, раскажува Андреј.

Од експеримент до масовна програма 

Кога Андреј отишол на локалните скијачки одморалишта со својата идеја, тој бил одбиен од сите, освен од Роза Хутор. Но, и со нив не било сè толку едноставно. „Овој експеримент го правевме со моето дете и целата одговорност ја носев јас како родител“. Откако програмата ја тестирале на Тања, собрале група од пет деца и спровеле тридневна обука. Како резултат на тоа раководството на одморалиштето се согласило да ја продолжи експерименталната програма до крајот на сезоната. До пролетта 2015 година повеќе од дваесет деца од 4 до 11 години од разни региони од Русија го пробале новиот метод на сочинските патеки. „Наши курсисти можат да бидат луѓе со најразлични дијагнози од ДЦО и Даунов синдром, аутизам до инвалиди во количка. Оваа програма навистина функционира“, вели Андреј. 

Елена, мајка на четиригодишната Алина:
Задолжително ќе се вратиме повторно во програмата. Детето почна подобро да стои самостојно, прави неколку чекори самостојна, почна да зборува подобро, вниманието му е сконцентрирано. И сето ова за само десет часови. Тоа не почувствува ниту страв, ниту замор, емоциите од планините и од скијањето се искачија на 100%!

„Се потрудивме на оваа експериментална етапа максимално да ја намалиме цената за програмата за родителите. Одморалиштето 'Роза Хутор' дава бесплатен ски-пас и место за тренинг, специјални пропусници за автомобилите, бизнисмените за децата обезбедија опрема за скијање. Родителите треба само да дојдат во одморалиштето, да изнајми живеалиште, да ги плати часовите со инструкторот“. 

Андреј и неговите приврзаници имаат големи планови – да воведат во часовите нови видови активности: скибајк, качување по карпи, ски-ролери, па дури и рафтинг, и да отворат во Краснаја Пољана целогодишен центар за адаптивна фискултура и спорт за инвалиди. Андреј Баталов се надева дека неговиот уникатен центар ќе го привлече вниманието на партнерите и на фондовите, така што првиот рехабилитациски центар на сочинските планини ќе се појави многу бргу.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња