Волонтерски записи од Сочи: Патот за Сочи

На Олимпијадара во Сочи ќе има многу волонтери од различни земји, не само од Русија. Извор: Михаил Мокрушин / РИА Новости

На Олимпијадара во Сочи ќе има многу волонтери од различни земји, не само од Русија. Извор: Михаил Мокрушин / РИА Новости

Нина Орлова е псевдоним на еден од руските волонтери на Олимпијадата во сочи, која анонимно ќе води ексклузивен блог за нашата редакција. Вие ќе имате шанса да погледнете на Олимпијадата однатре и од прва рака да дознаете за животот на учесниците.

Многумина раскажуваат дека во Сочи се нашле сосема случајно, по волја на судбината. Мојата приказна започнува слично. За мене Олимписките игри отсекогаш биле нешто грандиозно, и секои две години, те налето, те назима, јас повеќе од две недели се залепувам за телевизискиот екран. Во тоа време Олимписките игри ми се чинеа како сосема недостижен настан, па затоа, испраќајќи ја својата молба за волонтерство во Сочи, не се надевав на ништо.  

Во волонтерското село на брегот на морето се живее 100 на час, и се чини дека движењето не престанува ниту на една минута. Ова е вистински град, кој се протега на крајбрежјето на исток од Олимпискиот парк кон границата со Абхазија.

Сепак, го поминав првиот круг, по него следуваа тестовите по јазик, тестовите на интелектуалните способности, многубројни, бесконечни тестови, тренинзи, предавања на Интернет... На крајот на краиштата, го добив толку долго очекуваното писмо во кое што пишуваше дека Сочи ми вели „да“. Може да се пакуваат куферите и да се замине на пат. 

Седев на своето седиште во авионот и си мислев дека сега, кога низ прозорците ќе ги видам контурите на планините, навистина ќе поверувам дека ова се случува. Сепак, Олимписките игри се едно од малкуте настани, кои навистина ги обединуваат сите народи од светот. И јас ќе бидам дел од овој огромен настан. Самата себеси си завидувам. 

Од прозорците на авионот се гледаат белоснежните врвови на планините, а под другото крило се простира тиркизното море – слика која може да се најде на официјалните разгледници за Сочи 2014. Овој пејзаж ги поздравува сите оние што слетуваат на аеродромот на олимпискиот град. Топло меко лице, добронамерни лица, шарената симболика на Олимпијадата, радосна вознемиреност наоколу – веднаш влегуваш во самото срце на она што се случува. 

Во волонтерското село на брегот на морето се живее 100 на час, и се чини дека движењето не престанува ниту на една минута. Ова е вистински град, кој се протега на крајбрежјето на исток од Олимпискиот парк кон границата со Абхазија. 

Руските олимписки надежи
Од руската репрезентација секогаш се очекува многу на Зимските олимписки игри. Притисокот ќе биде уште поголем оваа година, бидејќи Олимпијадата се одржува на домашен терен. „Руска реч“ ги издвои десетте најдобрите руски спортисти кои имаат шанси да освојат злато во Сочи.

Разбрборени групи млади луѓе во шарена униформа светкаат пред очите. На балконите на удобните ниски куќички можат да се забележат знамиња на разни земји – германски, па британски, па француски: во овие станови живеат волонтерите од странство. Оттука се слуша јасен говор на различни јазици. Во холовите на куќите висат огласни табли на кои се наоѓаат разнобојни листови, на кои се бараат партнери за разни игри, се повикува на состанок, се бараат другари со исти интереси или просто некој си го кажува своето расположение со помош на смешни фотографии од смените и од часовите за одмор. 

Од станицата постојано заминуваат автобуси, кои ја развезуваат шумната толпа волонтери на различни краишта од крајбрежниот дел. Некој брза од работната смена, разговарајќи за последните вести и раскажувајќи ги своите емоции на своите пријатели од крајбрежјето, некој заминува на објект, а некој оди за првпат да се запознае со Олимпискиот парк и со околината. 

Првата задача на новодојдените по нивното сместување е добивање акредитација и униформа. Трпението, кое кај нас е веќе доведено до ниво на нормална појава поради долгите редици, капка спокојство и добрина, и сиот тој процес ќе остане назад. Напред е нов ден, нова шанса да се погледне на Олимпискиот парк со поинакви очи, со цел навистина да се види неговата убавина, а не да се трла од еден ред на крајот на друг, нови познанства и нови емоции. Пред нас се Олимписките игри.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња