Гледа „игла во сено“: Претставено новото беспилотно летало на концернот „Калашников“

Слободан Ѓукиќ
Компанијата „ZALA AERO GROUP“, дел од концернот „Калашников“, е специјализирана за развој и конструкција на беспилотни летала, кои се користат исклучително за прецизно извидување на теренот при многу сложени је временски услови, без оглед на временскиот период (ден/ноќ). Еден од нивниот најдобри модели кои досега е направен е оперативно-тактичкиот систем за воздушно извидување ZALA 421-16Е5.

Извонредни карактеристики за надгледување на државната граница

Беспилотното летало ZALA 421-16Е5  има маса од околу 30 кг и е способно да достигне висина и до 3600 метри. Го карактеризираат високиот степен на автономија на летот и мобилноста. Благодарение на големата автономија на лет, ова беспилотно летало може да остане во воздух и до 7 часа и притоа успешно да покрие површина од 21000 км2. Неговиот оперативен радиус на примена достигнува далечина и до 150 км.

Беспилотното летало ZALA 421-16Е5 на себе има посебно конструирани „џебови“ за интеграција на специјална опрема со капацитет до 5 кг. Во таа опрема може да влезат софистицирани оптоелектронски средства (различни типови на термовизиски уреди  и камери со висока резолуција со можност за зголемување на сликата,  аерофотоапарати), како и опрема за противелектронска борба (ПеБ).

Она што е особено интересно е неговиот погон. На ова летало, покрај електромотор, може да се вгради мотор со внатрешно согорување, што првпат беше демонстрирано на големиот саем за вооружување и воена опрема „Армија-2017“. На овој начин автономијата на овој беспилотник се продолжува за дури 3 пати (и до 20 часа непрекинат лет). Беспилотното летало се лансира од мобилен пневматског лансер со кој се управува електронски и тоа во речиси сите теренски услови  (главната разлика меѓу ова и останатите беспилотни летала од слична категорија е што нему не му треба уредена површина за да полета).

„ZALA AERO GROUP“ е руска компанија која се занимава со развој на беспилотни  летала. Нејзини основни производи се извидувачки беспилотни ваиони, хеликоптери и аеростати. Областа на нивната примена опфаќа надзор на државната граница, мисии за извидување и спасување, како и операции за специјални намени. Од 2015 година компанијата се наоѓа во состав на концернот „Калашников“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња