Кучиња во метрото: како четириножните пријатели бараат бомби

Тие не смеат да лаат, „нон-стоп“ шетаат по платформата и не можат да бидат заменети со гасен анализатор - Како функционираат кучињата, обучени да наоѓаат експлозиви.
police dog
Извор: Григориј Сисоев / РИА Новости

По терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург полицијата ги засили мерките за безбедност и освен што го удвои бројот на полицајци и темелните проверки, на повеќето перони работат и кинолози со кучиња. „Руска реч на македонски“ разговараше со двајца претставници на оваа професија, за да дознае како кучињата стануваат службени, какви тестови минуваат и може ли техниката да го замени целосно едно такво куче.

Евгениј Цвигелски, професор по специјални дисциплини во одделот за кинологија на Државниот колеџ бр.38:

Прашањето за тоа кој поефикасно го препознава експлозивот - кучето или техниката - одамна е затворено. Во целиот свет се користи комбиниран метод: техника во комбинација со биодетектор (според Законот за полиција во Руската Федерација кучето има статус на специјално средство за борба против криминалот и не се смета за офицер од полицијата, што е практика во некои земји – заб. ред.). Задолжително треба да ги има и двете - техниката не е куче и не секогаш може да го замени. На прво место е доста комплицирано да се направи пренослив уред со кој ќе се препознаваат сите видови материи и кој ќе биде удобен за носење. Згора на тоа, со него треба да се приближуваме исклучително блиску до објектот. Второ, за разлика од техниката, кучето има психолошки ефект врз терористите, особено ако тие се со источно потекло - тие многу не сакаат кучиња. А, со оглед на тоа дека терористот и онака е под стрес, тој може да се издаде или да размисли кога ќе го види кучето.

AP
Александар Виљф / РИА Новости
Дмитриј Коробејников / РИА Новости
Павел Головкин / ТАСС
 
1/4
 

Примарната подготовка на кучињата за наркотични или експлозивни средства зависи од методот, но трае во просек минимум 90 дена.

Во Русија се трудат повеќе да работат со имитации на материите, а не со вистински супстанции. Во многу служби има тешкотии со реалните материи. Но, подготовката само со имитации не е доволно сигурна - кај нив тешко се постигнува висока концентрација на мирис. Затоа е тешко да се каже како ќе се однесува кучето кога за прв пат ќе се соочи со нив во реални услови.

Кај нас се купуваат различни кучиња - сето тоа зависи од контактите и финансии на службата. Кучиња без педигре се земаат само во краен случај - ако е потребно тие да бидат употребени дискретно, без да се привлече внимание.

На пример да претрчаат во чекалната во аеродромот како куче-скитник, шетајќи меѓу луѓето со предмети. Но, тоа се прави речиси само во провинциите.

Главно се користат кучиња со педигре - тие се како алатка со зададени својства. Да се ​​погоди куче без педигре со добри работни квалитети е како да се добие на лото. А, кај оние со педигре, чии родители работеле, има над 60% веројатност тие да бидат исто толку добри.

Кучињата секогаш се тестираат. Постојат тестови кои ја проверуваат желбата на кучето да си игра, неговиот интерес кон храната. Бидејќи ако едно кутре не сака да јаде и да игра - како ќе го дресираш потоа? Постојат тестови кои ја проверуваат комуникативноста, реакцијата при остар звук, како и тестови кои ги проверуваат ловечките инстинкти на кучето. Барањето предмет е преориентација на ловечко однесување - зависи колку брзо и намерно ќе најде храната, на пример.

Дмитриј Коробејников / РИА Новости
Григориј Сисоев // РИА Нвости
Артјом Геодаќан / ТАСС
 
1/4
 

Вработен во кинолошката служба на руското МВР (кој сакаше да остане анонимен):

Веројатноста кучето за време на преглед да најде експлозивна материја, ако има таква, е над 90%. Секој кинолог води едно куче што самиот тој го има обучувано. Ако при проверката на објектот кинологот рекол дека нема експлозивна материја, а подоцна се покаже дека всушност има, тој ќе ја носи одговорноста, која понекогаш дури е и кривична.

Понекогаш земаме кутриња, понекогаш и кучињата од по 7-8 месеци. Купуваме скоро секогаш од цивилното население на Русија. Логиката на нашите тела е следнава: во странство, како и кај нас, има и добри и лоши примероци. Но, кога одиме во странство - без разлика дали станува збор за Чешка или за Холандија на пример - се обидуваат да ти поттурат лошите примероци. Постојат предрасуди дека во странство сè е поубаво и некои луѓе се фаќаат на тоа. Практично измамници има насекаде и подобро е да купуваш од своите.

Во просек во Русија едно куче чини 50-60 000 рубли ($ 890-1.100), но цените се разликуваат многу, како и во Европа. Таму тие почнуваат од 500 € и стигнуваат до € 2.000.

Не земаме кучиња без педигре. Германски овчар, лабрадор, шпаниел - тоа се главните раси за службени кучиња. Нема клучни тестови. Понекогаш некој недостаток, како на пример социјализацијата, може да биде надминат само со две прошетки по Црвениот плоштад или во метрото. Водејќи се од таканаречениот внатрешен инстинкт.

Таквите кучиња не смеат да лаат, ако најдат нешто. Не е дозволено. За таа цел се изработуваат посебни сигнали - специјална поза на стоење, седење или наведување кон целта.

Многу од таканаречените набљудувачи сметаат дека ако кучето во метрото само седи или лежи, тоа не функционира, затоа користењето на кучето за овие цели не е ефикасно. На практика тоа е нормално, тие треба да одморат. Задачата не им е постојано да се шетаат натаму-наваму по платформата и да бараат нешто. Функцијата им е брзо и адекватно да извршат поглед на даден сомнителен предмет, кој го забележал нивниот партнер кинолог.

Од техничките средства располагаме само со гасни анализатори. Но, доколку тие беа поевтини и подобри од кучињата, одамна требаше да ги стават секаде.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.