„Руските витези“ ги покажаа можностите на новиот борбен Су-30СМ

Новата машина поседува надманеварност која ја прави надмоќна при блиска борба. Специјалисти сметаат дека оружјето за неа ќе има побарувачка во Индонезија, Алжир и на Блискиот Исток.
Su-30SM
Извор: Марина Лисцева / ТАСС

Нагло сопирање со рамнината на фузелажот, превртување во место и исто толку драстично забрзување. Отстрана изгледа како „Руските витези“ да го прават невозможното - нивните борбени авиони Су-30 буквално танцуваат на небото над аерокосмическиот салон LIMA-2017, кој се одржа во Малезија од 21 до 25 март. Тоа беше премиера на пилотажната група и на нивните нови машини.

По што е толку добар новиот авион на „Руските витези“

По своите борбени способности и антенски карактеристики овој авион е значително посупериорен од Су-27 (на чија база е создаден) и во моментов се смета за еден од најдобрите повеќенаменски борбени авиони во светот.

Благодарение на високоефикасната интегрална аеродинамична шема, системот за управување со вектор на потисок на моторот Ал-31ФП и на управувањето со предната аеродинамична површина тој стана првиот сериски авион со надманеварност.

Според пилотите сето тоа обезбедува апсолутна супериорност на Су-30МКИ ( „И“ значи индиска верзија) при блиска воздушна борба.

„Су-30МКИ е првиот во светот извезен борбен авион, опремен со борд антени со фазна низа која обезбедува истовремено откривање, следење и напад на значителен број цели“, изјави за „Руска реч на македонски“ тест-пилотот од корпорација „Иркут“, херојот на Русија Валериј Аверјанов.

Според него тоа е и првиот руски борбен авион со отворена архитектура на патната радиоелектронска опрема. „Ваквото решение суштински ја ублажува и модернизацијата на авионот, и неговото прилагодување кон специфичните барања на конкретниот клиент“, додава тој.

Како што забележува Аверјанов, надманеварноста на новата машина обезбедува и супериорност при блиска борба. „Тоа дава можност да се премине во режим на енергичен маневар, овозможува побрзо да се користи оружјето и ја зголемува безбедноста на маневрите“, додава тој.

При тоа машината, за разлика од другите нови руски авиони, дозволува да летаат две лица. „Зошто Су-30СМ, а не Су-35? Фактички авионот овозможува да се вршат исти задачи, какви што исполнува и Су-35. Но, Су-30СМ е двосед. Тој е поудобен, има повисок комфор за пилотите. Во време на таквите летови едниот може да пилотира, а вториот да ги извршува функциите на офанзива“, вели во интервју за државната агенција ТАСС командантот на воздухопловните сили, заменик-командантот на ВКС генерал-полковник Андреј Јудин.

Реклама од „Руските витези“

Според шефот на Меѓународната лабораторија за механика и енергетски системи на Универзитетот за информатички технологии Павел Булат, пилотажната група дошла во Малезија за да ги демонстрира можностите на извозната варијанта на машината пред потенцијалните купувачи.

„Русија има желба да го испорачува Су-30МК на Блискиот Исток, Индонезија и Алжир.' Витезите' извршија демонстративни летови пред потенцијалните клиенти на корпорациите „Иркут“ и „Рособоронекспорт“, додава експертот.

Според него главен конкурент на руската машина е францускиот Rafale.

„Двете машини се со споредлив боен потенцијал, но 'Французинот' чини двапати повеќе и секогаш се продава без трансфер на технологијата. Покрај тоа, Rafale сепак е од класата на лесните авиони. Додека Су-30 е тежок борбен авион со далечина на летот до 6.000 километри“, вели Булат.

Тој нагласува дека една од предностите на Rafale е и неговата подобрена активна фазна решетка во споредба со Су-30МК.

„Руските витези“ се првата во светот пилотажна група која врши фигури од вишата пилотажа со тешки борбени авиони, задржани се борбените можности на сериските авиони. При тоа во воздухот пилотажната група може лесно да ја разликува дури и човек кој не е специјалист - нивните авиони се насликани во боите на државното знаме на Русија.

Групацијата е формирана во 1991 година врз основа на 1 воздухопловна ескадрила со тешки борбени авиони Су-27 и станува позната во целиот свет половина година по своето основање. Уште во есента истата година шесте руски авиони заминуваат за авиосалонот во Велика Британија и дури прелетаа во низа над резиденцијата на кралицата-мајка во Шкотска. Следуваат авиопретставувања во Лукерс и Финингли каде „Витезите“ лета заедно со британската ескадрила Red Arrows.

А, потоа, на шоуто во Прага, тие ги покажат своите вештини во програмата за единечна пилотажа. Ефектот од прикажаното е толку впечатлив што американските пилоти со своите F-15 самите се откажаа од претставувањето поради стравувања дека „ќе избледат“ на фонот на Русите.

Оттогаш пилотажната група секоја година се учествува на светските авиосалони, авиошоуа и воени паради.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.