Како ќе влијае топењето на мразот на Русија?

Кањонот и леден глечер Ингакамит во Каларската област на Забајкалскиот крај, регион во Источен Сибир меѓу Бајкалското езеро и рускиот Далечен Исток.

Кањонот и леден глечер Ингакамит во Каларската област на Забајкалскиот крај, регион во Источен Сибир меѓу Бајкалското езеро и рускиот Далечен Исток.

Евгениј Епанчинцев / ТАСС
Според прогнозите на научниците топењето на пермафростот (трајно смрзнатото тло) и оштетувањето на криосферата од поголеми размери може да предизвика потопување на арктичките и сибирските региони на Русија во следниве 20 години, а исто така и појава на нови болести и уништување на инфраструктурата.

Марија Ананичева е глациолог, односно научник кој го проучува мразот. Објект на нејзините истражувања се ледниците. Тие постепено исчезнуваат на сите делови од планетава, па и на руската територија, каде две третини се долгогодишно замрзнато тло.

Какви последици тоа може да има за Русија? Се зголемува опасноста од уривање згради и уништување патишта, велат стручњаците од Институтот за глобална клима и екологија при Федералната служба за хидрометеорологија и следење на промените на животната средина (Росхидромет) и од Руската академија на науките. А, во зоната на пермафростот во Русија се наоѓаат околу 80.000 километри патишта и пруги, а исто така и 91 аеродром, констатира Светлана Воронцова, прв претседател на групацијата „Транспортна интеграција“.

Според Марија Ананичева, ледниците не реагираат веднаш на климата. Тие најпрво го собираат тлото, а потоа доаѓа до видлива реакција. Со други зборови, дури и ако на човештвото му појде од рака да го ограничи порастот на глобалната температура, деградацијата на ледниците најверојатно ќе продолжи.

Многу руски ледници кои се проучуваат веќе стасале до максимумот на своето топење. „Брзината на натрупување на снег и мраз сега е помала од брзината на топење, што значи дека во тек е целосна деградација“, смета научничката.

Помалку вода, повеќе болести

Друг проблем е намалувањето на слатководните резерви. Топењето на планиснските ледници влијае, пред сѐ, на количеството вода во речните текови. Најпрво таа ќе порасне, а потоа, кога ледникот веќе во голема мера ќе деградира, ќе почне да се намалува. На пример, помалите ледници на поларниот Урал на територијата на Русија се доста истопени во последниве 10 години и луѓето останаа без слатка вода.

Освен тоа, во пермафростот долго време се чуваат предизвикувачи на болести, меѓу кои и антракс. На пример, екстремно топлото лето во 2016 година на Јамал предизвика вистинска епидемија на оваа болест за последните 75 години. Хоспитализирани беа 90 лица. Колку повеќе се топи пермафростот, бактериите и вирусите (можеби нови за човекот) ќе претставуваат сè поголема опасност, сметаат научниците.

Санкт Петербург се подготвува за поплави

Ананичева потсетува дека во арктичките географски ширини температурата расте побргу од просечната температура на планетава. Планинските ледници од северен Сибир и од рускиот Далечен Исток веќе чувствуваат топење и реагираат на него од втората половина на 20 век. Тие долго време биле релативно стабилни, но на почетокот на овој век промените станаа очигледни.

Освен тоа, на Арктикот се случува голема деградација на таканаречените покривни ледници – леднички штит на Гренланд, на Земјата на Франц Јосиф, на Нова Земја и на други острови и територии. Во Русија пораст на нивото на Светскиот океан претставува опасност за Санкт Петербург.

Соработникот на лабораторијата Константин Грибанов смета дека до климатски поплави може да дојде веќе во следниве 50 години. Според него, ќе се истопи и ледничкиот штит на Гренланд и на Антарктик, така што и дел од Европа ќе се најде под вода. „На среден Урал надморската височина е главно околу 200 метри, така што ние ќе останеме на суво“, вели Грибанов. „Но, климата ќе биде таква што тука нема да остане животот во оној вид што го знаеме“.

Топењето може да се забрза

Процесот на топење на мразот не е уедначен. На рускиот Арктик, според Марија Ананичева, се топат ледници и се одвојуваат глечери на Нова Земја помеѓу Баренцово и Карско море. Ледените капки на Северната Земја засега се стабилни. На Шпицбершките острови постојат определени ледници кои, напротив, растат. Сè уште не ни е јасно зошто се случува тоа. Можеби причината е во количеството врнежи на архипелагот, претпоставува научничката.

Колку што арктичкиот морски мраз побрзо и поинтензивно се топи, отстапувајќи место на отвореното море, Арктикот станува потемен и одбива сè помалку сончеви зраци. Поради тоа планетата уште повеќе се загрева. Освен тоа, во трајно смрзнатото тло е „заклучено“ големо количество гасови, пред сè метан, можен гас со ефект на стаклена градина, кој исто така придонесува за топењето. Колку што повеќе се топи пермафростот, повеќе метан доаѓа во атмосферата и со тоа уште повеќе се поттикнува промената на климата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња