Зошто дел од ЕУ сака нова армија?

Ројтерс
Што го спречува создавањето на обединета европска армија и ќе успее ли таа да се бори со новите предизвици во регионот?

Во Европската Унија повторно излезе на дневен ред идејата за создавање на сопствена армија. Прашањето беше поставено од претседателот на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер во годишното обраќање за состојбата на ЕУ.

Според него, еден од начините да се реши проблемот со безбедноста во Европа по Brexit е продлабочување на интеграцијата на вооружените сили на земјите-членки. Со поддршка на идејата за создавање на европска армија се искажаа и канцеларката на Германија Ангела Меркел, претседателот на Франција Франсоа Оланд и голем број други политичари од Стариот свет.

Зошто ѝ е на Европа сопствена армија

Во случајот тешко дека станува збор за вообичаеното упатување на „непредвидливоста и агресивноста на Русија“, ниту пак за вистинска терористичка опасност. За таканареченото „воздржување на Русија“ постои цел Северноатлантски сојуз, иако и тој практично е немоќна пред заканата од терористички напади во земјите од Европа.

Новата армија не може да стане и лек против „терористичката“ болест. За борба против борците не е потребна нова војска, ами распоредување и професионално спроведување на законот, широка агентурна мрежа и други антитерористички структури. Нема смисла од армија со проектили, тенкови, бомбардери и ловци - против терористи не се војува со тешка воена техника.

Не ли ѝ е доволно на Европа НАТО, каде членуваат повеќето европски земји и каде дејствува член 5 од Вашингтонскиот договор, кој може да се окарактеризира со крилатицата „еден за сите, сите за еден“?!

Не ѝ е доволен ли на Европа чадорот на безбедноста, распнат над неа, вклучувајќи го и оној од една од најмоќните армии во светот, кои поседува најголемите резерви на ракетно-нуклеарно оружје во светот - онаа на САД?

А, можеби токму мешањето на Вашингтон во работите на Европејците, месијанството и зголемената влијание врз политиката на ЕУ, што често доведува до економски загуби (наметнатите санкции од САД против Русија) и вклучување на ЕУ во непотребни и штетни војни (Либија, Ирак, Сирија, Авганистан) се латентни и се имплицитно причина за појавата на идејата за „посебни европски сили“?

Компоненти на новата армија

Европа нема да го издржи постоењето на две паралелни армии поради неколку причини.

Прво, голем број држави и сега не се особено склони да одвојат 2% од БДП за вкупниот одбранбен буџет на НАТО, кој се држи главно од Вашингтон и покрива околу 75% од вкупната сума. Во исто време САД прекрасно ја разбираат скриената и длабока смисла на политичките идеи, искажани од господин Јункер - да се избегне зависноста на Европа од воените одлуки на Белата куќа.

Второ, за нова армија нема ни доволен човечки ресурс. Освен ако не се вклучат во оваа војска бегалците од исламските земји на Блискиот Исток и Северна Африка? Но, тешко.

Има предлог да се создаде европска армија во рамките и врз основа на НАТО. Оваа идеја дојде од Франсоа Оланд.

Според него европските сили треба да имаат определена самостојност. Но, во армијата, чија основа е едноначалството и безусловно потчинување на командантот/началникот, принципиелно не може да има никакви самостојни структури. Инаку тоа не би била армија, ами само еден колхоз. Секоја непослушност во армијата се казнува со трибунал.

Покрај тоа на НАТО тешко дека ќе му се допадне постоењето на паралелна и автономна армија. Алијансата како целина нема армија во вистинска смисла на зборот. Постојат различни команди на театарот на воените дејства (ТВД) - централно, јужно, северно ...

За решавање на овие и други борбени задачи се создаваат посебни групации, во кои секоја земја одделува од националните вооружени сили одредени делови и единици. Еден обезбедува полиција, друг – ракетен состав, трети - пешадинци, офицери за врска, техничари, тил, медицински персонал, итн. На кој принцип би можела да се создаде интегрирана европска војска, не е јасно.

Се создава впечаток дека приказните за европска армија и обединет штаб е уште еден обид да се фрли прав во очите на новите бирократски структури на еврочиновниците, за да може тие да постојат, развивајќи бирократска и декларативна дејност - токму онака како што се прави во ЕУ и во ПССЕ.

Ако европската армија сепак биде создадена, како ќе реагира Русија? Ќе работи на ист начин како и со НАТО. Само што со надеж дека односите ќе започнат на чисто и ќе бидат пријателски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња