Јазикот на делфините како медиум за разбирање со вонземјани

Vostock-Photo
Руски научник кој снимал разговор помеѓу два делфина смета дека искуството во проучувањето на нивниот јазик може да биде корисно за човештвото поради комуникацијата со другите животни и со вонземските цивилизации.

Научниците од Карадакскиот природен резерват на Крим кои имаат снимено „разговор“ помеѓу два делфина со помош на подводен микрофон кои самите го конструирале, се надеваат дека нивните истражувања ќе помогнат во комуникацијата со вонземјаните. Тие се првите кои успеале во „говорот“ на делфините да издвојат определени зборови и реченици.

„Моите истражувања покажаа какви точно акустични сигнали на делфинот можеме да ги сметаме за високоразвиен разговорен јазик. Ни претстојат понатамошни истражувања“, вели за „Руска реч на македонски“ првиот човек на истражувањето Вјачеслав Рјабов. „Искуството од проучувањето на јазикот на делфините може да биде корисно за комуникација со вонземските цивилизации и со другите видови животни“.

Луѓето не можат да ги слушнат сигналите на делфините. Според научникот, а да започнеме да комуницираме со делфините, потребно е да се создаде уред со кој јазикот на делфините ќе може да се претвори во јазик што човекот ќе може да го слушне.

Научниците работеле со два добри делфина, Јаша и Јан. Ги снимале нивните разговори на составни елементи. Звуците што ги произведувал едниот делфин се разликувале од оние што ги испуштал неговиот соговорник. Разликата е во спектарот и во зачестеноста на пулсацијата. Притоа низата комбинации на звуци не се повторува. Поради тоа може да се претпостави дека секоја пулсација претставува одделна фонема или збор на јазикот на делфините.

Како што излезе во текот на истражувањето, делфините умеат внимателно да слушаат и да не се прекинуваат еден со друг. Според мислењето на научниците, размената на информациите на делфините потсетува на разговор помеѓу двајца луѓе. Но, спектралниот распон на нивниот говор е дваесет пати поширок. Затоа комуникацијата на животните е поинформативна – во иста временска единица делфинот на соговорникот може да му пренесе многу повеќе информации одошто еден човек на друг.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња