Кучешка извидница на Крајниот Север

Лав Федосеев / ТАСС
Извидницата на арктичката стрелачка бригада на Северната флота на Воено-морската флота на Русија започна со тренирање кучешки запреги како еден вид транспорт во воени цели.

Кучешките запреги се користеа од страна на војниците на Вооружените сили на Руската Федерација за одработување напад во условите на Крајниот север. Температурата паѓаше до минус триесет степени според Целзиус. Војниците и кучињата се грееја во традиционалните номадски логори – чуми (номадски шатор во Сибир - заб. ред.). Според Вадим Серга од прес-службата на Северната флота, искусни одгледувачи на елени и кучиња, можат да подигнат ваков логор за 15 минути.

Како се избираат кучиња за извидување

„Кучињата за влечење се избираат 'од мали нозе'. Кога кутрето-хаска има месец и половина веќе се гледа дали ќе биде погодно за влечење. Доколку кутрето постојано скока надвор, доколку е активно и не може да седи мирно во затворена просторија, тогаш треба да се тренира за влечење“, вели Сергеј Тимонин, командант на 80 стрелачка бригада.

Кога кутрето има три месеци, му се покажува како тоа „го прават“ возрасните кучиња. Кутрето го пуштаат покрај запрегата, на неговиот грб се прицврстува специјален противтег, со цел да не го искриви ‘рбетот. Кучето, исто така треба да се навикнува на гласните и остри звуци на воените акции.

„Најпрво се привикнува на звук од паѓање на книга, а потоа на бучава од испукани куршуми. Дресирањето трае една и пол година, а потоа кучињата се ставаат во запрега“, подвлекува кинологот.

Според тренерот, во запрегата постои хиерархија; напред трчаат два лидери – „најстариот“ и „буцкалото“, кој го задава темпото. „Кучешките запреги се еден од најудобните начини за превоз на Северот. Во услови на воени акции тие лесно се качуваат на снежни ритчиња, ги превезуваат ранетите, а исто така и муниција. Во случај на непредвидено запирање, кучињара се дресирани како да го 'обиколат' својот водич и да го загреат“, додава Тимонин.

Во 2015 година во Русија во составот на Северната флота, формирана е првата арктичка бригада. Таа е опремена за воени акции во Заполарјето.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња