Су-35.
РојтерсВооружените сили на Русија на пристаништето во Тартус и на аеродромот Хмејмим во Латакија префрлија 28 летала на големите десантни бродови Николај Фиљченков, Новочеркас, Минск, Пересвет. Сите тие и понатаму дежураат во Средоземното море заедно со големите десантни бродови Адмирал Невељски, Александар Шабалин и противподморничкиот брод Адмирал Пантелеев, како и со стражарскиот брод Неустрашими. Во групата исто така влегува ракетниот крстосувач Москва и стражарскиот брод Сметливи. Уште три мали ракетни брода испуштија 26 ракети Калинр-НК (кои уште се нарекуваат руски Томахавк). Тоа може да се нарече огнено крштевање на ова високопрецизно оружје и негова прва примена на далечина поголема од 1.500 километри, што дава можност Русија да води воени дејствија на голема оддалеченост.
Во пределот на Каспиското море дежураат повеќе од 10 руски бродови.
Авијацијата на Русија е претставено со голем спектар летала, почнувајќи од Су-24М и јуришниот авион Су-25, па до најновата разработка Су-34. Сè на сè на местото има 28 борбени машини, не сметајќи ги двата транспортни авиона Ан-124.
Еден од најпопуларните ловци Су-24М беше земен во вооружувањето на СССР во 1975 година и сè уште се користи во армијата на Русија и на многу други земји. Во Сирија се активни 12 авиони од овој тип. Исто толкав е и бројот на Су-25. Посовремениот ловец Су-30 во Сирија е претставен со четири машини. Станува збор за ловец од поколението 4+, кое е способно да уништува сувоземна техника ноќе, во лоши временски услови и да врши разузнавање.
Најновиот јуришен ловец-бомбардер Су-34е премиера во театарот на воените дејствија. Како што вели извор од Министерството за одбрана, Су-34 во Сирија е опремен со комплексите за врска ТКС-24 за „операции со централна врска“. Новиот систем овозможува размена на координатите на целите и разузнавање меѓу авионите без учество на копнен команден пункт. За сметка на оваа опрема еден од бомбардерите Су-34 може да им предава на авионите од ударната група податоци за координатите на целта со автоматски резултат на електронската карта на другите летала без учество на копнени командни пунктови. На таков начин, сите авиони од групата ги „знаат“ координатите на објектот кој треба да се уништи доколку го забележал барем еден авион. Ваквиот систем ја зголемува и тајноста на дејствијата на авијацијата, зашто радарот за барање на цел треба да го вклучи само еден авион во групата.
Освен авиони, активно се користат и хеликоптерите Ми-17 за превоз, како и воените Ми-24 кои се покажаа добри во Авганистан. Во Сирија вкупно се вклучени 15 хеликоптери.
Русија на територијата на Сирија користи најпрецизно оружје. Авионите се снабдени со бомби КАБ-250 и КАБ-500, кои се насочуваат по исфрлувањето од авионот со помош на воени сателити. Радиусот на отколнување од зададената цел не е поголем од 5 метри. Исто така во Алепо беа најдени резерви на противтенковски бомби РБК-500 СПБЭ.
Исто така е познато дека рускиот воен ресор во Сирија има поставено комплекси за радиоелектронска борба Красуха-4, кои се наменети за попречување на авијатичките радари и спротивставување на беспилотни летала. Тој може во целост да го затвори заштитуваниот објект од радиолокациско откривање на оддалеченост од 150 до 300 километри.
На водата со собирање информации се занимава бродот на Балтичката флота Василиј Татишев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче