Авион-апокалипса: пет факти за летачката тврдина

Кирил Науменко
Министерството за одбрана на Русија нарача команден авион од третата генерација во случај на нуклеарна војна.

Министерството за одбрана на Русија нарача команден авион од третата генерација во случај на нуклеарна војна.

Веројатно како основа на ова летало ќе биде избран најголемиот транспортен авион Ил-96, чија максимална полетна маса изнесува 250.000 килограми. На јавноста не ѝ се откриваат техничките карактеристики на новиот авион, како и рокот до кој треба да биде направен. „Руска реч на македонски“ собра пет факти за руските авиони кои имале или кои сега имаат улога на воздушен команден пункт.

1. Првиот руски „авион-апокалипса“ е воздушниот команден пункт на основа на моделот Ил-86. Тој немаше прозорци, а стаклото од пилотската кабина беше заштитено со специјални легури.

2. Авионот имаше антена долга 5 километри, која беше намотана на барабан. Антената служеше за специјална врска со подморниците на суперкратки фреквенции. Врската се воспоставуваше со потопување на антената во вода.

3. Целиот горен дел од носот, од пилотската кабина до централниот дел на крилото (со исклучок на пилотската кабина), беше покриен со надграден склоп со уреди за сателитска врска.

4. Кон средината на деведесеттите години од минатиот век од командниот авион беше реализирано пробно лансирање на нуклеарна ракета.

5. Воздушниот команден пункт на база на авионот Ил-96 сега го користи претседателот на Русија Владимир Путин. Авионот е на два ката со спални соби, салон за состанок, спортска сака и сала за итни медицински интервенции. Ова е најскапиот авион во Русија и чини повеќе од 300 милиони американски долари.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња