Како да се вика 115 елемент?

Борис Бабанов / РИА Новости
До крајот на 2015 година Меѓународниот сојуз за теоретска и применета хемија може да го признае новиот 115 елемент од периодичниот систем на Менделеев.

Вработените на Обединетиот институт за нуклеарни истражувања во подмосковскиот град Дубна сметаат дека откривањето на 115 елемент од периодичниот систем на Менделеев може да биде официјално признаено до крајот на годинава. Пријавата ја разгледува Меѓународниот сојуз за теоретска и применета хемија (International Union of Pure and Applied Chemistry - IUPAC).

Доколку откривањето биде признаено, научниците ќе добијат моќност да му дадат назив на елементот. Како што изјавуваат за „Руска реч на македонски“ од Обединетиот институт за нуклеарни истражувања, елементот може да го добие Називот „Московја“ во чест на престолнината на Русија. „Ова е едно од можните имиња, - појасни за 'Руска реч на македонски' заменик-директорот на Лабораторијата за нуклеарни реакции Андреј Попеко. – Првиот труд поврзан со откритието беше објавен во 2004 година. Истражувањата требаше да ги повторат други научници: нашиот резултат беше потврден во Германија и во САД, така што овој критериум го исполнуваме“.

Во јадрото на новиот елемент има 115 протони и неутрони. Станува збор за ултрацврста материја, па затоа во периодичниот систем се наоѓа меѓу последните. Елементот, забележува Попеко, може да се добие исклучиво на забрзувач на честици, и тоа само еден атом неделно. „Откривањето на овој елемент е важно за разбирањето на процесисте што се случуваат во вселената“, - забележа Попеко. Според него, сосема е можно 115 елемент да може да се најде во космосот. И доколку во лабораториски услови елементот постои околу една десетина од секундата, изотопите во вселената можат да живеат многу подолго.

Вештачките елементи можат да помогнат во создавањето на целосниот модел на атомското јадро. „Сите постоечки модели се нецелосни, - појаснува Попеко. За да се приближиме до разбирањето на атомското јадро, треба да се оддалечиме од она што е познато“.

Освен 115 елемент, вработените во Обединетиот институт за нуклеарни истражувања претендираат на откривање на уште три елемнти – 118, 117 и 113. Последниов е спорен: научниците од јапонскиот центар Riken Nishina велат дека тие го откриле на забрзувач во близината на Токио. Руските специјалисти го добија истиот елемент при експеримент чија цел е добивање на атомите на 115 елемент. Сепак, тие не можат да го докажат своето право на првенство поради отсуството на потребното објаснување на веригата на распаѓање.

На откривањето на нови елементи од таблицата на Менделеев од 119 до 126 работат и научниците од гермаскиот Институт за тешки јони GSI, францускиот GANIL и многу други. Елементите кои ги носат броевите погоре од 92 не можат да постојат во природата. Притоа елементите до фермиум (атонмски број 100) можат да се добијат во атомски реактори, а потешките се произведуваат на забрзувач на честици.

Сега научниците од Дубна се обидуваат да го синтетизираат 118 елемент. „Најверојатно тој ќе биде последен. Процесот станува многу посложен и поскап, иако правиме нови забрзувачи, - вели Попеко. – Затоа со имињата на елементите треба да се однесуваме мошне внимателно“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња