Осум најинтересни новини од Русија

Мотор со КПД 95%

Мотор со КПД 95%

Дарја Кезина
Русија ги прикажа своите најнови технолошки разработки на главната универзална индустриска изложба во земјата, „Инопром-2015“, која се одржа минатиот месец во Екатеринбург. На изложбата учество зедоа 600 компании од 70 земји и од 59 региони од Русија, а за првпат партнер на настанот беше Кина.

„Руска реч“ за вас избра осум најинтересни руски разработки што беа изложени на „Инопром“. Треба да забележиме дека поголемиот дел од новитетите се наменети за замена на увозот.

Мотор со КПД 95%

Откритието на саемот беа пробните примероци на енергетски вентилни електрични мотори од новата генерација, чии параметри постојано ги надминуваат светските аналози во сериското производство. Експозицијата ја претстави вишиот научен соработник на физичкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“ Владимир Милов. Спроведените испитувања докажуваат дека КПД на овие електромотори ги надминуваат барањата на високата енергетска ефикасност прифатени во ЕУ, а кај некои класи мотори тој достигнува 95%.


Разработката е 2 до 3 пати помала и полесна од своите аналози и е повеќе технолошка за сериско производство. Моторите можат да се користат за пумпи за гориво, за машини со електричен погон и за приврзана апаратура, за хидрауликата, за интелигентните системи за климатизација и вентилација. За разработката интерес веќе пројави компанијата „Мицубиши електрик“.

Интерфејс со „мозок-компјутер“

Невроинтерфејс, кој овозможува со „силата на мислата“ да се управуваат електронски и електромеханички уреди, е направен во Институтот за електронски контролни машини „Брук“, во соработка со научниците од Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“. Со помош на посебен систем од сензори „мозокот-компјутер“ ги конвертира намерите на човекот, регистрирани преку електрични сигнали од мозокот, во контролни команди со точност од 99,5%.


Фотографија: Дарја Кезина


Пронајдокот дава нови можности за робототехниката и за медицината; особено помага во враќањето на изгубените функции на луѓето со ограничени можности. Разработката може да се користи за управување на бионични роботски екзопротези, кои со помош на безжична мрежа праќаат команди за извршување на различни движења (качување или симнување по скали и др.). Според програмерите, во светот сè уште не постои аналог на невроинтерефејсот со вакви функции и со олку сигурен иновативен систем од електроди.

Истиот производител претстави и иновативни антропоморфни роботозирани протези, развиени за првпат во Русија. Тие одговараат на германските аналози, но се многу поевтини. Микропроцесорите што се поставени во долниот дел на протезата ја управуваат неа преку вградени „сензори за движење“, а по потреба и со команди од невроинтерфејсот. Ова обезбедува поудобно и поприродно одење. Тежината на екзопротезата е иста како и тежината на вистинските нозе.

Безбедни процесори

За првпат од времето на Советскиот Сојуз Русија покажа сопствен серверски и десктоп-решенија  што можат да се натпреваруваат со аналозите од Европа и од САД. Русија стана една од ретките држави што успеаја да создадат сопствен микропроцесор „од нула“. Најновата разработка, микропроцесорот „ЕЛБРУС-8C“, кој користи технологија 28 Нм, ќе се користи во сервери и работни станици. Рускиот производител гарантира сигурност од вируси и бекдори.


Фотографија: Дарја Кезина


Конструктори на новиот производ се „Московски центар SPARC-технологија“ и Институтот за електронски контролни машини „Брук“. Почетокот на сериското производство на микропроцесорот е предвидено за првиот квартал од 2016 година. Главна предност е технологијата за семантичка заштита на програмата, која ги неутрализира повеќето распространети вируси и хакерски напади и открива грешки во програмите уште во фазата на развој. Според програмерите, безбедноста кај слични системи нема светски аналози.

Руско-кинески булдожер


Фотографија: Дарја Кезина

Симбол на руско-кинеската дружба на „Инопром“ стана моќниот булдожер во весела зелена боја, создаден од заедничката корпорација „Уралвагонзавод“ и еден од најголемите кинески инженерски холдинзи „Shandong Heavy Industry Group“. Машината е опремена со кинески енергетски агрегати и со хидромеханичка трансмисија, тежи 19.920 килограми, а моќноста на моторот е 163 коњски сили.

Механичко срце


Фотографија: Дарја Кезина

Новиот високообртен дизел мотор од семејството ДМ-185 е со моќност од 700 до 4.000 киловати, а техничките карактеристики се на нивото на водечките светски производители. Негови пронаоѓачи се конструкторите од Уралската фабрика за дизел мотори (дел од АД „Синара – транспортни машини“). Индустриски дизел мотор со вакви карактеристики, според заменик-директорот на проектот, Сергеј Нефедов, во Русија се создава за првпат. Во 2016 година претстои премин од тест-примероци кон сериско производство. „Механичките срца“ ќе се користат во локомотиви, каменоломска техника, на воени и на цивилни пловила и во малата енергетика. Разработката е руска, со државно кофинансирање (во согласност со федералната програма „Национална технолошка база“), а вклучена е и водечката германска инженерска компанија FEV (од градот Ахен).

Реаниматор за новороденчиња


Фотографија: Дарја Кезина

Овој уникатен производ за новороденчиња претставува реанимациски комплекс, кој ги комбинира предностите на инкубаторот и на отворениот реанимациски систем со неонатален грејач, кој се користи при интензивна терапија, реанимација и хранење на бебиња е разработка на „Швабе“. Инкубаторите имитираат услови што се максимално блиски до природната средина во утробата на мајката, што овозможува предвремено родените успешно да се развиваат до деветмесечна возраст. Отворениот реанимациски систем без лекови може да излечи бебешка жолтица и некои други болести, а, исто така, и да дава вештачко дишење.

Хеликоптерски очила


Фотографија: Дарја Кезина

Холдингот „Швабе“ ги покажа своите хеликоптерски ноќни очила со оригинална оптичка шема. Со нив може да се гледа на оддалеченост од 500 метри, со видливо поле од 48 степени. Наменети се за пилотирање хеликоптери во ноќни услови и имаат вграден систем за автоматско приспособување на светлината. Инструментот е направен целосно од руски материјали и, според развивачите, има предности пред светските аналози. Слични производи од странско производство не се користат во Русија.

Хеликоптер „Ансат“


Фотографија: Дарја Кезина

Новиот хеликоптер „Ансат“ може да се користи за патнички, спасувачки, медицински и за образовни цели. Не треба да се чува во хангар, а според креаторите на уредот може да се користи во широк спектар климатски услови. Новина кај хеликоптерот е употребата на композитните материјали за перките на роторот, што овозможува да се избегне подмачкувањето, а главна карактеристика е металната конструкција на трупот на хеликоптерот и перките од фиберглас, што влијае на цврстината и на отпорноста од удари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња