Русија, Белорусија и Перу ќе прогнозираат земјотреси од космосот

Космичкиот мониторинг со цел прогнозирање на сеизмичките активности ќе се врши со помош на наносателит од заедничко производство. Извор: Shutterstock

Космичкиот мониторинг со цел прогнозирање на сеизмичките активности ќе се врши со помош на наносателит од заедничко производство. Извор: Shutterstock

Русија, Белорусија и Перу ќе изградат нов наносателит кој ќе помогне во решавањето на проблемите на краткорочното прогнозирање на земјотресите. Апаратот ќе биде конструиран на база на руско-перуанскиот сателит „Часки-1“, кој сега веќе се наоѓа во вселената.
Ѕвонот на Земјата предвидува земјотреси
Руските научници разработуваат домашна револуционерна идеја за предвидување на најнепредвидливата катастрофа – земјотресот. Македонија, како земја која е сеизмолошки активна, е посебно засегната, бидејќи со ова ќе може да се спречи следен „Скопје 1963“.

„Часки-1“ е наносателит од типот кубсат, кој беше испратен во орбитата со вселенскиот брод Прогрес во март годинава, кога и ја започна својата работа. Рускиот космонаут Олег Артемјев го пушти руско-перуанскиот апарат за време на своето излегување во отворениот космос на 18 август. 

Претставникот на Југозападниот државен универзитет Валеријан Пикиев, на прес-конференција посветена на овој настан, изјави дека во блиска иднина научниците на Југозападниот државен универзитет, кои зеле учество во разработката на „Часки-1“, заедно до колегите од Перу и од Белорусија ќе создадат нов наносателит, кој ќе има задача да ги прогнозира земјотресите. 

Според директорот на научно-истражувачкиот институт „Аерокосмос“ Валериј Бондур, прогнозирањето земјотреси претставува проблем што не е до крај решен, а краткорочното прогнозирање, чии податоци се мошне вредни, со оглед на тоа дека можат да му помогнат на населението брзо да се евакуира од сеизмички опасните делови, засега не е развиено. Сепак, мониторингот на сеизмички опасните територии е најперспективен метод на сондирање, кое претставува космички метод, изјавува Бондур во интервју за весникот „Поиск“. 

Земјотресите во Русија
Последните проучување покажуваат дека во многу предели предвидената оценка за степенот на сеизмичност е намалена. Исто така досега не е разработена методика која овозможува со висока точност да се прогнозира каде и во кое време ќе се случи земјотрес.

Земјотресите во Перу, кои во последно време зачестија, го привлекуваат вниманието на перуанските научници, кои решија да се фокусираат на разработка на методологија за навремено прогнозирање на подземните потреси. „Перуанците предлагаат да се проучи нискофреквентниот спектар на радиобрановите. Тие го поврзуваат тоа со земјотресите кои во Јужна Америка се случуваат мошне често“, забележа Пикиев. 

Новиот сателит за прогнозирање земјотреси, кој ќе биде создаден во следниве две години како продолжение на актуелниот руско-перуански проект ЧАСКИ-1, ќе добие нов систем за лансирање, кој ќе му помогне на наносателитот да го продолжи својот ресурс (во моментов работниот век на кубсат е околу една и пол година). „На нашите физичари им е поставена задача да создадат мотор за ваквите мали сателити, кои ќе ја коригираат и ќе ја подигаат орбитата“, изјави на прес-конференцијата ректорот на Југозападниот државен универзитет Сергеј Емељјанов. 

Тежината и размерот на сателитот ќе останат исти – еден и пол килограм и 10 на 10 сантиметри. Сепак, новиот кубсат ќе биде составен од три модули – белоруски, руски и перуански, а секој од нив на орбитата ќе врши научни експерименти, во интерес на трите земји, меѓу кои и експерименти насочени кон развој и усовршување на методологијата на краткорочното прогнозирање на земјотресите.

Наносателитот од типот кубсат „Часки-1“ е разработен според космичката образовна програма „Радиоскаф“ на ракетно-космичката корпорација „Енергија“ заедно со Националниот инженерски универзитет на република Перу. Сателитот врши мониторинг на површината на Земјата во оптички и во инфрацрвен дијапазон, ја фотографира површината на Земјата, со што им предава на научниците од двете земји информации за атмосферските појави, за климатските промени и за сеизмички опасните зони. Податоците од сателитот „Часки-1“ исто така се користи и од државните служби за предупредување за вонредни ситуации и ликвидација на последиците од нив.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња